Фељтон: Томе Велјановски
Со оставката на канатларските говедари од познатата причина за говедари се пријавија марулчаните Ѓорѓијоски Дончо (Јанкоски) и Јошески Петре (Котески) се пазарија со марулци за да бидат говедари до денот Митровден истата година е завршија работата без замерки од двете страни.
Деновите божикните, василичините и водокрстите верски празници завршија весело со селски собир на сред селото со по некоја пифтија и грне вино в раце кај по некој на сред селото. Музиката на сите овие напомнати денови беше активна на средселото од страна на младите музиканти свирачи Мурџески Најденко и Петре.
Времето зима, ама убава се гледа да во гумењата многу стогови со сено се намалени или некој ги нема потрошени при храна на овците. Но, од друга страна се слушат во трлата два различни гласови на блеење, од мали јагниња и од нивните мајки кои се барат едни со други.
Повеќе овчари преку денот доваѓајќи со овците за дома си доваѓат со јагниња в раци објагнети преку денот каде паселе овците. Некој јагниња кои се објагниле порано преку денот веќе на враќање овците од пашна си одат токму со нивните мајки и останатите овци. Исто така многу јагниња објагнети порано во денот не само што одат токму со мајките и останатите овци, него почнуват и да играт, потрчуват. Оние овци кои се објагнети порано преку денот доваѓа до исфрлање на кошулиците – ложата во кое обвиткано заштитено јагнето. Научно го викат кошулица или заштитник на ембрионот, а додека во нашиот крај народно го викат ложје да го исфрли мајката (овцата) уште недојдена дома. Па така тие кошулици се добредојдени како месна храна за разни животни и птици месојадци.
Блеењето на мајките и малите јагниња во трлото во ноќе барајќи се едни со други ги привлекува нивниот глас на дивите животни месојатци, волкот и лисиците, кои често наминуват преку ноќно време во близината кај трлата кој ги вознемируват кучињата во селото од нивното ноќно лаење.
Првиот полугодишен распуст на учениците е од 15 јануари до 1 февруари. Некои од децата за распуст вршат домашни работи пасат овци, некои чуваат објагнети овци во посеаните огради со жито и пасат во придружба со своите мали јагниња. Слободните деца ќе се санкаат или пак ќе се слизгаат и возат на мразот во реките.
Доваѓа денот Св. Атанас зимен наречен средезимен или прв пролетни верски ден. Како што раскажуваа нашите постари да Св. Атанас – Атанасие бил бискуп во градот Александрија во Египет и учесник на првиот вселенски христијански собир заедно со Царот Константин Велики при признавањето на христијанството за верска религија.
Но, бил и прв противник на аријанското учење и со неговиот бастун го удрил свештеникот Ариат за неговото погрешно еретичко учење против христијанството за кое бил исклучен од натамошно христијанско учење.
Во Марул нема куќна слава со денот Св. Атанас. Но, има куќи една седмица пред денот Св. Атанас кои постат од мрсна храна. За денот Св. Атанас црквата е отворена, одат верници према потребата, поготово ако некој имаат пресен гроб со примесени работи раздаваат за задушница. Некои одат за средби со луѓе за муабет.
Кај нашите предци Гулабовци Николевци почнале да постат за Св. Атанас некаде пред минатиот век во 1880-та година. Гулабоски Ристев Николе 1932 – 1912 година женет за Штркоска Дуна од с. Путурус во бракот Николе и Дуна имале пет деца, сите женски и тоа: Бисера, Мара, Милка, Менка, Ристана. Неколку дена пред празникот зимен Св. Атанас Николевите ќерки седеле на топлото сонце пред ржаната слама си работеле нивните женски работи, некоја везела, а некоја плетела. Еден дел од сламата ржана се оделил и ги потиснала девојките. Но, со човекова помош девојките биле спасени, извлечени од под паднатата слама над нив со без никаква повреда на нив. Дошла една фамилијарна замисла да му го сторил светецо Атанас због како непоштовање према него дека не постат пред неговиот светол ден. Во наредната година една недела пред Св. Атанас почнале да постат. Дома се постело, а додека во други куќи можело да се мрси, а тие мрселе затова што не било во нивната куќа.
Нашиот прадедо татко му на дедо Ристе Велјан 1868 – 1918 внук од сестра на Николе Гулабоски како сираче без мајка и татко тука растел и се воспитувал како гулабоски наследник традиционално постот пред празникот Св. Атанас му останало во неговата куќа која е продолжение на неговите потомства. Кај тогашните брачеди од стрико му Трајче Гулабоски деленици Новаче и Стеван не е прифатиле замислата за неделни пост за Св. Атанас. Јас го прашував дедо ми Ристе колкава била копата со ржанатат слама, дедо во смеја рече, тогаш јас уште не бев роден, а трдам копата да била неколку сламарски кошеви нашите гулабовци рајати нивите нивни ги знам сееле и жниеле по бреговите сето плодна земја била од беговите.
За време на Првата светска војна 1915 – 1918 година немало ниту селска слава, ниту куќни слави. Црквата Рождество на Богородица, германската воена команда црквата е претворила во воена команда црквата е претворила во воена болница сите фрески во цркват абиле вандализирани, исфрлени. Немало приплод, ниту свадби и крштевки. Немало радост, само болести. Јадост и гладост и умирачка над живите луѓе.
После војната во 1918 година црквата поново била отворена, ден по ден, дел по дел црквата поново била реновирана, поправана. Во летото во 1922 година фреските – иконите биле работени во кулата од бегот Утоски која се навоѓала во дворот Јоноски Курелоски. На денот Богородица Мала славата во Марул 21 септември 1925 година црквата поново била осветена. Фреските од црквата биле дадени на лицитација за купување, сите биле откупени од марулските домаќинства, тоа е запишано на сите купени фрески – икони.
Домаќинот при осветувањето на црквата Танески Стојче на сред селото на изложбата го донесол првиот модерен метален – железен плуг за орање во с. Марул кој со времето го заменил дотогашното дрвено рало. Исто така на тој ден од Прилеп во Марул биле донесени две плетени табли полни со гугутки кој нестанале, исчезнале за време на војната нешто за храна нешто од бугарските војници викани гагаузи. За денот Прочка утрото во неделата црквата е отворена за верници кои намерават да ја посетати некој кој имат пресни гробови одат со примесени работи, си палат свеќи за упокоените за своје и раздават за задушница за средба, за разговор и си земат проштачка со други ако си сториле некој недоразбирања за време на минатото време.
Исто така, преку денот за Прочка народот е раздвижен низ селото, си прават роднините прочкина посета, помладите одат кај постарите за да земат проштавање со бакнување рака помладите на постарите трпезите се наружани со мезе, јадење и пиење.
Ние од нашето мало Втора бригада средното маало исто така како лани се ораганизираме за вечерно шетање за Прочка од најсеверната куќа од кај Јолески Благоја до најужната куќа до Јованоски Димитрија Курела. Со исклучок од ланската група еден не ни достасува, тој е водачот лански на групата Јолески Љубе кој замина во август за отслужување на воениот рок во ЈНА. Пред неговото заминување му изгоре покривот на фурната на 19 август 1958 година.
Неговото отсуство за организирање го презедоја Јованоски Трајче Јанкоски и Јовчески Трајко Велјаноски.
Учесници беа следните лица: Тошеска Ракида Јолеска, 16 годишна; Новаческа СлавкаДимитријоска, 19 годишна, Јанкоска Најденка – 22; Трајче – 19; Велјаноски Трајко 22, Петра 19, Донка 16, Томе 14, Верка 11, Јанкоски Дончоски Стево 16, Ванчо 14, Ордена 12, Сокле 10, Јанкоски Илијоски Ванѓел 14, Илија 12, Данчо 9; Јанкоски Ладески Бојана 18, Атанас 16, Даринка 14, Лоза 12, Алтана 9, Велјаноска Лоринка 10, Анѓелеска Илина Најдоска 21, Јованска Аргида Ванѓелоска 11, Јованоска Алексоска Зора 10; Јованоска Верка 15, Јованоски Дончо; Анѓеле 12, Јосиф 10.
Во секоја куќа на гостинската трпеза имаше гозба мазник, пржени рипчиња, варени јајца и пијалок. Со сите се опростуваме, ние како помлади каде одеме на сите постари му бакнуваме рака и му веле, проштавајте и добиваме одговор, од нас опростено ви е и од Бог Госпо опростено ќе ви биди. Нас ни растеше духовниот морал за проштевката. Вечерта до осум сато го поминаме нашето маало од 17 куќи во нашето маало Втора Бригада. Само една куќа ни промаши од самецот Јанкоски Илиев Петре таа вечер не беше дома. Сите си разотидоме дома со проштавање меѓу себе и си наставиме дома да си ги дозавршиме домашните обичаи за нашата куќна Прочка.
Продолжува