Фудбал
Одлично игра 35-годишниот Илија Несторовски во Првата лига на Хрватска. Прилепчанецот, некогашен член на Победа, македонски репрезентативец, во дресот на Славен Белупо од Копривница го даде шестиот гол, против Горица на гостинскиот терен во Велика Горица. Тоа беше во 81. минута, со што се означи конечниот резултат 0:3 во полза на Славен Белупо. Интересно е што во времето пред Несторовски да пристапи во Славен Белупо екипата беше на дното од табелата, а сега е на делба на 4. место со Вараждин со по 35 бода, под Риека (50 бода), Хајдук 48) и Динамо (42). Првенството продолжува на 29 март, дома со првопласираната Риека.
Несторовски вкупно гледано има настапувано за 9 клуба: Победа (Прилеп), Словачко и Викторија Жишков (Чешка), Металург (Скопје), Интер Запрешиќ и Славен Белупо (Хрватска), Палермо, Удинезе и Асколи (Италија),