Успешна крводарителска акција се спроведе во општинска зграда во соработка со Црвениот крст на Македонија.

– Успешно организиравме крводарителска акција во Општина Прилеп. Горди сме што заедно покажавме дека хуманоста и солидарноста се вредности што нé обединуваат! Искрена благодарност до сите хумани граѓани кои се одзваа и даруваа крв – вашата несебична помош може да спаси нечиј живот во овие момемти – напиша на ФБ, градоначалникот Борче Јовчески.
Најави, дека продолжуваат со вакви иницијативи, затоа што секоја капка крв значи нова надеж.