И ПРИЛЕП СОЧУВСТВУВАШЕ СО КОЧАНИ

И прилепчани сочувствуваа со трагедијата во Кочани кога во пожар кој избувна во дискотека на 16 март изгореаа 59 младинци. Напладне и навечер во деновите на седум дневната жалост, граѓаните самоиницијативно се собираа кај параклисот Свети Никола, кај споменикот на Крал Марко и маршираа по булеварот, сочувствувајќи со болката и тагата која ја погоди Македонија.

Палеа свеќи и положуваа цвеќе. Мирните собири се одржуваа под паролата „Бараме одговори и одговорност”. Имаше и книга на жалост.

Меѓу загинатите има и две лица со прилепско потекло на родителите.

Loading