Ракомет
Поради трагедијата во Кочани минатава недела немаше спорт, а се одржаа натпревари само во саботата. Тогаш, во фазата за плејаутот од Супер женската лига на Македонија, одлично тргна екипата Деспина. Постигна убедлива победа и на вториот меч, во Скопје. Имено, домашниот тим Шампион е совладан со 40:20. Исходот е навестен уште во првиот дел, кога прилепскиот тим поведе со 17:10. Најефикасна е Матеа Христоска со 9 постигнати гола, Евгенија Цаневска даде 6, Мирјана Думбалоска 5, а Евгенија Илиева 4 гола. Тренер на екипата е Адријано Котевски. Претходно, на првиот меч, Деспина дома беше подобра од МРК Ѓорче Петров. Следниот дуел е дома со Стружанка.
Табела: Деспина 6, Спартак 5, Пелистер 4, Овче Поле 3, МРК Ѓорче Петров 2, Стружанка 1, Шампион 0.
Машкиот тим Прилеп по паузата игра првенствен меч дома со битолски Еурофарм Пелистер.