Виц на неделата

Родителите го прашуваат малиот Пеце како му е во училиште со новата учителка.

– Учителката ни е супер, згодничка е, убавка е, ама малку како да е приглупа.

– Немој бе така Пеце, од кај дојде до таков заклучок?

– Па приглупа е, само нешто не прашува!


Човек си оди накај дома, и крадец му става пиштол на глава и му вели:

– Дај ми ги твојте пари!

– Господине, јас сум важен член на владата на РМ!

– Епа во тој случај, врати ми ги парите!!!

Loading