ИЛИЈА ДУДЕСКИ –БАМБЕ, ЛИКОВЕН УМЕТНИК
Прилеп предначи, на полето на културата, било да е музичка, ликовната, театарска и секако литературната. Многу, многу музички ѕвезди, се познати по неповторливиот глас или со своите композиции кои станале историја. Познати ликовни дејци имаат овде свој корен. Едно време се препознаваше за град со раскошни уметници.

Ликовниот уметник и конзерватор Илија Дудески – Бамбе го знаат, не по името, ами по прекарот. Пензионер е на 82 години. Беше долгогодишен професор по ликовно воспитување во ОУ “Рампо Левката”. Вели дека ги научил” децата да ја држат четката в раце, цртајќи мотиви од родниот град. Имал многу заеднички изложби со колеги организирани од ДЛУП каде е член.
– Ме радува што многу, многу мои генерации успеале во животот. Наставниците, професорите, покрај образовно, отсекогаш сме негувале воспитување. Сум “заразил” многу млади. Тие го продолжиле уметничкиот пат. Такви беа Борко Лазески, вајарот Димо Тодороски, па Боро Митриќески, Лепавцов, Мемето, па Кирил и Илија Миноски, Ордан Петлески, Јордан Грабулоски и уште, уште многу кои сегашните генерации не ги знаат, ами ги препознаваат и се “соочуваат” со нивната уметност преку делата на изложби – вели Дудески.
Бамбе, како што го знаат, бил и конзеватор. Не се знае бројот на конзерваторски работи во многу македонски цркви. Ги конзавирал фреските во Марковиот манастир во скопско Нерези и во други манастири и цркви во прилепско и битолско.

И сега е конзерватор и не престанува да слика, да твори и да помага во конреваторските работи во локалните храмови, но и на понискиот дел од фреските, оти му е страв поради возраста и височината на скелињата.
Успеал, професорската ликовна љубов, да им ја пренесе на многу ученици, на, свој, одреден татковски, начин им ја вткаил љубовта за ументноста на синовите Хари и Александар. Едниот, Хари, во Скопје се определил за дизајн, иако почнал со сликарство. Александар е академски вајар-скулптор со репрезентативно творештво, оти бил студент на прилепскиот професор Жарко Башески.
Во деветата деценија од животот, Бамбе не се откажува од сликарството. Додека гледа, ќе меша бои и ќе ги нанесува на платна со четка.