Кошарка
Само што заврши серијата од седум порази на Мега баскет, со победата над Работнички во Скопје, се случи пак пораз. Дома со 69:80 е загубен мечот против скопскиот тим Бутел, во 17. рунда од Втората кошаркарска лига на Македонија. Викендов е нов тежок меч во Струга, со Црн Дрим. Тежок е затоа што гостите се на десеттото, домашните на четвртото место од табелата. Не е исклучено изненадување, оти есеноска во Прилеп беше 83:79 за Мега баскет.
Табела: Ангели и Маџари 31, Соколи 30, Црн Дрим 27, Борец и МЗТ Уни банка 26, Бутел 25, Охрид, Водно и Мега баскет 23, ФМП 21, Работнички 19.