Ракомет
Драматичен меч одигра Прилеп во Велес, против домашниот Борец, во 21. рунда од Супер лигата на Македонија. Велешкиот тим водеше со 10 гола разлика, 34:24, но прилепскиот не се предаде и се избори за нерешен резултат на крајот, 38:38. Во екипата Прилеп најефикасни беа Божидар Илиески, Никола Цветаноски и Денис Шабановиќ со по 7 постигнати гола. Мечот беше прв за новиот тренер Страшо Илиески. Следниот е на 23 март, дома, со битолскиот Еурофарм Пелистер, во последното коло пред плејаутот.
Табела: Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Вардар 38, Охрид 30, Тиквеш 23, Бутел 22, Пролет и Прилеп 17, Куманово 10, Борец 8, Струга 7, Радовиш 4.
Женската Деспина викендов е гостин на Шампион во Скопје, во плејаутот.