ПЛОЧНИК СО ПАРКИНГ

Центарот или т.н. Плочник во седумдесеттите години виден од Саат кулата. Стамено, со посебен шмект го заличува градот со издигнатите хотели Јадран и Југославија и Скопј. Од далеку подава “раце” и пркоси со својата “виткост” и деветтокатницата. Покрај шеталиштето со мермерни плочки, неправилно расфрлани, се збрале автомобилите на купче на паркингот насреде. Тоа бил простор за ретките возила кои крстареле низ улиците од коцка.

Покрај булеварот, раскошно зеленило. Дрвата слободно вишнеат и се шират. Тука се дуќаните. Незаборавна е стара НА-МА, Југопластика, Борово, летната бавча, т.н Трло, слаткарницата Инзап, Пензионерскиот клуб, Автобуската станица, и што ли уште не. Се сместиле удобно и трафиките пред и по Јадран од каде граѓаните купуваа весници. Прилеп живее скромно со мисла за подобро утре.

Loading