Фељтон: Томе Велјановски
Жени од постарата генерација
1. Атанасоска Ристејца Танеска родена Кржеска во с. Подмол;
2. Велјаноска Орданица Трајана Танеска, родена Кулиќева во с. Крушевица, растена Џункоска с. Ерековци;
3. Атанасоска Неданица Танеска Неда, родена Новаческа во с. Маково;
4. Велјаноска Димкојца Бојана, родена Паламидоска во с. Алинци, битолско;
5. Јанкоска Дончојца Зора родена Дурлеска во с. Волкосело;
6. Јанкоска Ладејца Донка родена Колеска с. Бонче;
7. Василоска Миланица Аргида, родена Перкоска с. Алинци;
8. Дамјаноска Ристејца Митра родена Вишиноска с. Прилепец;
9. Николоска Митра Петрејца родена Пунческа с. Бонче;
10. Мурџеска Цветаница Трајана родена Стојкоска с. Бонче;
11. Колеска – Бошеска Трајаница Ивана родена кај Солуните во с. Загорани;
12. Колеска Велејца Таса родена Најдоска – Бешлакоска во Подмол;
13. Павлеска Трајаница Цвета родена с. Кутлешево;
14. Мурџеска Јованица Коприна родена Талеска во село Боротино, растена во с. Беровци;
15. Петреска Ванѓелица мара Бабјакоска родена Јованоска Курелоска во Марул.
Помлади жени играорки
1. Атанасоска Алексојца Спасија родена Царпилатоска с. Добрушево;
2. Атанасоска Благојојца Лефтерија Танеска родена Минческа с. Алинци, битолско;
3. Атанасоска Јованица Ѕвезда Танеска, родена Карбеска с. Мало Рувци;
4. Атанасоска Дончојца Калина Танеска, родена Мајстороска с. Бонче;
5. Атанасоска Танејца Анѓа Танеска, родена Кузманоска с. Волкосело;
6. Велјаноска Блајојца Мара родена Трипуноска с Чумово;
7. Јованоска Ванѓелица Босила Курелоска, родена Котеска с. Мало Рувци;
8. Јованоска Душаница Правда Курелоска родена Здравеска с. Алинци прилепско;
9. Јованоска Лазарица Пауна Тодороска Курелоска родена с. Добрушево;
10. Ристеска Драганица Најденка Јанкоска домазетица во с. Марул;
11. Ристеска Ктаница Милица Јанкоска родена Грданоска во с. Добрушево;
12. Ристеска Цанејца Драгица Јанкоска родена Станкоска во с. Алинци, прилепско;
13. Јолеска Благојца Илинка, родена Јонческа с. Боротино;
14. Јованоска Алексојца Коца Курелоска, родена Бодлеска с. Дедебалци;
15. Павлеска Миркојца Нада, родена Колеска с. Бонче;
16. Петреска Алексојца Трајана Бабјакоска родена Чурлиноска с. Лопатица, прилепско;
17. Петреска Димитрица Драгица Бабјакоска родена Бошеска с. Чумово;
18. Петреска Крстејца Даница Бабјакоска родена Пажеска с. М. Рувци;
19. Петреска Митрејца Блага Бабјакоска Маркоска с. М. Рувци;
20. Петреска Томејца Милица Бабјакоска родена Старецоска с. Добрушево;
21. Петреска Атанасица Славка Мурџеска родена Станкоска с. Алинци, прилепско;
22. Петреска Ванчојца Мара Мурџеска родена Паламидоска с. Алинци, битолско;
23. Ристеска Богојојца Зора Танеска родена Штркоска с. Беровци;
24. Ристеска Дончојца Зора Јанкоска родена Дурлеска с. Волкосело;
25. Здравеска Атанасица Илинка Чонеска родена Трајкоска с. Врањевци битолско;
26. Стеваноска Живкојца Неда Најдоска родена Стоева с. Рапеш;
27. Јованоска Цветаница Василка Крушкоска – Курелоска родена Пажеска с. Мало Рувци;
28. Стојаноска Ѓорѓица Анѓа Котеска родена Пејоска с. Бонче;
29. Стојаноска Тодејца Босилка Котеска родена Долеска с. Путурус;
Девојки во 1959 година, некои преку 20 и под 20 години
1. Анѓелеска Илијева Илина Кадијоска;
2. Атанасоски Неданови Танески Милица, Драгица, Марија и Нада;
3. Атанасоска Трајанова Ѓурѓа Танеска;
4. Василоска Миланова Лоринка;
5. Велјаноска Орданова Милица Танеска;
6. Јованоска Крстева Најденка Јанкоска;
7. Јовческа Ванѓелова Петра Велјаноска;
8. Мојсоска Велева Трајана Колеска;
9. Мојсоска Ќирева Дуна Колеска;
10. Павлеска Игнева Верка;
11. Павлески Јованчеви Спасија, Горица и Менка;
12. Новаческа Јованова Славка Димитријоска;
13. Дамјаноски Ристеви Слободанка и Славка;
14. Петреска Цветанова Алтана Мурџеска;
15. Ристеска Ладева Бојана Јанкоска;
16. Ристески Блажеви Стева, Коца;
17. Ристески Таневи Горица, Алтана;
Тие кои не се заведени овде ако ги има нека извинат, се заборавени. Сите веселби на средселото беа убави. Но, штом ќе дојдеше Петре Бабјак на средселото и заигра оро сите му аплаудираа за неговата божја дарба за ораџија собуен, бос, без чевли, по чорапи, оро води. Неговата жена Трајана Котеска земени неговите чевли и ќе го тепа по плеќи и го колни, зар тебе секој ден чорапи ти плетам и крпам. Тогаш Петре добиваше уште поголемо аплаудирање од сеирџиите. Такви ороводци како Петре на сто години еднаш се радуват. Сега нема, нашите околни села се празни.
Фамилиите од Јанкоски Китан, Јованоски Цветан Крушка и Павлески Мирко пред неполна година се иселија во прилеп. За нивно почитување од веселбите на средселото нема да ги заборавиме Китан, весел ораџија, итсо важи и за Нада Миркојца. Цветан стално е порачуваше песната Заплакало Мариово за тој Ѓорѓи Сугаре за денот Нејатка Теона. Димитрија Бабјак вечерта си идеше за дома со купениот кларинет од Тоде Кинитапаноски од с. Алинци, прилепско. Идејќи си по пат за дома, свиреше само на а-мол незнаејќи повеќе.
Димитрија се проба подолго време да свири како за со гајдата, но слухот не му се разви за со кларинето и му го продаде кларинето на Најденко – Нацко Мурџески. Водокрштените верски празници Богојавление и Водици, двата дена убаво се помина одејќи в црква и веселба на средселото со музика, ора и песни . Странски гости беа фамилијарно мажената Петреска Петрева Зора Бабјакоска од Минчевци од с. Алинци, битолско. Додека исто така комшијата брато на Петре Бабјак Ванѓел со неговата тајфа, синот Томе, невестата Томејца Милица, свекрвата Мара и золвата Петкана беа отсустни од марулското средсело поради беа на гости кај родителите на невестата Милица кај Старецовци Николовци во с. Добрушево.
Ова песна се играше и пееше често на свеченостите.
Ој Марике битолке
Доста стојеш на порте
Доста гледаш беќари
Ај појди си до дома
Мајка ти вари коковче (2)
Не ти дава копанче.
Сено слама дроб, дроб, дроб (2)
Сено слама зоб, зоб, зоб (2)
Јас не стојам на порте
За да гледам беќари
Си го чекам либето
Од јабана доваѓа
И ми носи дарови
Дарови за невеста
За кршно тело фустанче
За половина коланче
Сандали за на нозе
Сено слама, сено слама
Дроб, дроб, дроб
Сено слама, сено слама
Зоб, зоб, зоб
Прстенче за веридба
Белегзија за на рака
За бело грло ѓерданче
Обетки за на уши
За бело лице белило
За танки усни црвило
Сено слама, сено слама
Дроб, дроб, дроб
Сено слама, сено слама
Зоб, зоб, зоб.
Од денот Митровден во 1958 година на дотогашниот марулски говедар Јошески Блаже (Јанкоски) му заврши договорот. Марулските пашити добици говеда и коњи остана без говедар. Секое домаќинство си беше надлежно, одговорно да се грижи за своите пашити добици говеда и коњи наутро отерај ги на пасење слободни во Ормано и на вечер забери ги, дотерај ги дома.
Така времето врвеше преку зимата се до денот Св. Атанас зимен кога во 1959 година за говедари се пријавија синовите на Насув од с. Канатларци Уска, Амза и Абас. Со договор да ги пасат говедата до денот Ѓурѓовден истата година. Тогаш ќе одлучат за понатака за до Митровден. Канатларските говедари ги пасеја говедата во Марул неполни два месеци поради му дојдоја документите за иселување за во Турција. Го напуштија говедарлуко во Марул, се иселија за Турција таткото Насув со синовите Уска и Абас фамилијарно. Додека синот Амза се испишмани и остана и понатака да живее во родното село Канатларци.
Продолжува