По традиција, Денот на жената, Осми март, го слави и женскиот дел од асоцијацијата на пензионерите. Годините не се важни кога се празниците во прашање. Во клубовите во месните разграноци, понежниот пол на возрасните беше радосен и весел. Преку 120 пензионерки го одбележаа Денот во централниот пензионерски клуб. Претседалот Славко Трајкоски ги поздрави и им посака многу здравје. Додаде дека би сакал Денот на жените да се слави многу години во иднината. Снежана Димеска, претседателката на активот на жените, упати желби за здравје.
Средби и заеднички дружења имаше и во разграноците во Рид 1 и 2, Точила, па во Тризла, Гоце Делче” и во селата Кривогаштани, Тополчани и Долнени.