Подготовка на идните првачиња
За да не се создаваат турканици и метежи пред амбулантите во мај и во јуни, родителите на септемвриските првачиња можат да закажат систематски преглед на видот на децата преку “мој термин” со помош на матичните лекари. Прегледите ќе се извршуваат од 17 март во кабинетот за ортоптика во болницата.
Нужно е родителите да обезбедат упат со термин од матичниот доктор.