Максимални 24 бода

Пинг-понг

Двете кола, 11. и 12., во рамките на Супер лигата на Македонија во пинг-понг за мажи, беа мошне успешни за двата прилепски тима. Лидерот на табелата, Младост 96 постигна две победи. Прво го доби дербито со скопскиот Телеком нец 2 со 4:3, со партии освоени од Србинот Ѓорѓе Борчиќ, Антонио Стомнароски, Андреј Лашкоски и двојката Ѓорѓе Борчиќ/Андреј Лашкоски. На вториот меч, Младост 96 со 4:0 го совлада Берово.

Вториот прилепски тим, Младост со 4:3 ја совлада битолската Пелагонија, по заслуга на Србинот Душан Анѓеловиќ кој доби две партии, една на тренерот/играч Зоран Јованоски, како и двојката Душан Анѓеловиќ / Александар Рикалоски. На вториот меч, Младост со 2:4 загуби од струмичкиот Астраион.

Табела: Младост 96 – 24, Крива Паланка 22, Телеком нец 2 – 21, Шампион ФА и Астраион 20, Пелагонија и Радовиш 16, Вардар 15, Берово 13, Младост 11.

Loading