Романскиот главен град Букурешт или познат како Мал Париз фасцинира со широки булевари, дрвореди и живот на висока нога. Тој е комбинација на стара и модерна архитектура. Има што се види, оти е еден од најголемите во југоисточна Европа. Плус е индустриски, трговски и културен центар на Романија. Се развива на покраината Влашка, на реката Дамбовица со седум езера. Го “сече” реката Колентина, а околу седум ридови. Го одбрале за живеење околу два милиони луѓе. Климата е умерено континентална, во зимо е ладно, а во лето топло и суво.

Бил населен уште во 5 век п.н.е. Првиот пишан документ датира од 1459 година. Името е ставено по пастирот Букур. Во превод значи радост. Тој го развеселувал месното население со музика. Последните години постојано се развива. Летачко пристаниште е со два аеродрома. Сообраќајната инфракструктура е развиена со мрежа од железнички станици. Врска е со националните патишта за Украина, Унгарија, Бугарија… Шенген ЕУ зоната не е поврзана со монетарно обединување со еврото. Се одржува националната валута – леи.

Градот го красат бројни знаменитости и паркови. На влезот “чека”куќата на слободниот печат од 1956 година. Тоа е грандиозен објект на националната новинска агнеција. Патот води кон Триумфалната капија, “крената” за борците паднати во Првата светска војна. Прво била дрвена, а по реконструкцијата во 1936 година е во гранит. Врвот на капијата нуди прекрасна глетка.

Авенијата на Победата или Калеа Виктореи, е една од најубавите улици. Трасирана е во 1692 година. Денес е најесклузивната сообраќајница. Блиску е Кантакузиновата палата во француски стил. Таму е Музејот на Енеску. Војниот клуб, е зграда во неокласичен стил проектирана од романскиот архитект. Грандиозно здание е Палатата на парламентот или Народната палата. Таа е трет најголем административен објект во светот. Подигната е во комунистичкиот период. Биле ангажирани 700 архитекти и 20.000 работници. Висока е 12 ката со 1100 соби. Под земјата се уште 4 катови и нуклеарен бункер. Внатрешноста е импресивна со кристални лустери, мозаици, мермер, злато, раскошни теписи. Денес е седиште на општината и адмистративен објект за меѓународни конференции. Патријаршијата е значаен верски духовен храм што стамено се крева во градот.

Душата на престолнината е стариот град со посебен шарм. Освојува духот, со многу испреплетени улички со ресторани, сувенирници, уметнички галерии, книжарница, антикварници, кафулиња.. Прошетката релаксира и дење и ноќе. Тука е Старата принцез палата, градена од Влад Дракула. Некогаш се робувале затвореници. Во близина се и Старата црква од 16 век. Таму се крунисувале романските принцези. Сочувана е една од најстарите фрески. На Плоштадот на револуцијата може да се види Кралската палата, Римскиот атенеум, Народниот музеј на Романија, Антина палатата и црквата Кречелеску. Не е далеку Универзитетскиот плоштад каде се Универзитетот, Народниот театар, палатата Сута, болницата Колтеа… Атрактивни се неколкуте цркви од 18 и 19 век. Но, и еврејските храмови и згради, бидејќи тука бил еден од најстарите еврејски центри. Пленат парковите и градините – Чишмигуи, Ботаничката градина, паркот Карола, паркот Хераструа…
На брегот на езерото е создадено Етно село, музеј од 1936 година. Преку 300 куќарки, цркви, ветерници ги влечат вниманијата на намерниците. Во 50 објекти се прикажува историјата и дизајнот на руралната култура.
Букурешт е локација на 37 музеи, 22 театри, две оперски куќи, три концертни сали, 18 уметнички галерии, голем број библиотеки, книжарници….
Романската кујна е под влијание на турската, српската, унгарската и германската. Се нудат чорби, шницли, мусака, сармале, чебапи мичи… Омилен десерт се палачинките. Домашните вина го креваат адреналинот. Се “лизга” низ грлото ракијата од слива. Приказна се традиционалните ресторани. Се “џуска” со коктели во баровите, дискотеките…
На 20 километри е неизбежниот “допир” со Терме Букурешт. Тоа е место за капење, одмор и релаксација. Спа центарот е луксузен со многубројни базени, солени соби, бањи, тобогани….
Текст и фото Каролина Мицевска