Нова книга
Во библиотеката беше промовиран романот “Единствен матичен број” од Лидија Димковска. Книгата ја третира актуелната стварност низ призмата на авторската посебност. Се говори за алиенацијата на човекот во новото “современо” време, освестувачки роман за реалноста и светот околу нас, што заборавивме, како треба да го сакаме.
-Трогателна приказна за обесчовечувањето на човештвото. Романот е потрага по утопијата на идентитетот преку дистопија на животот – вели Виолета Танчева Златева.
Димковска е минатогодишен лауреат на наградата “Роман на годината” (2023), што ја доделува фондацијата “Славко Јаневски”. Живее и твори во Словенија, оставајќи траен белег не само во македонското, туку и светското книжевно творештво. Ова е нејзин четврт роман