Трета лига – Југ
Ништо не е готово во Третата лига – Југ во однос на борбата за првото место. Така е затоа што во 15. рунда дербито меѓу лидерот Големо Коњари и третиот Превалец заврши нерешено, 1:1. Истоврмено, велешкото Башкими го совлада Младост од Кривогаштани со 1:0, па сега се доближи на бод разлика до водечкиот тим. Претстои 16. коло (в недела од 14 часот), во кое Големо Коњари оди кај Слога во Лажани, а Башкими во Бучин.
Табела: Големо Коњари 32, Башкими 31, Превалец 28, Венец 24, Младост 23, Ултрас и Росоман 20, Питу Гули и Бучин 17, Слога 11, Дреново 8, Влазними јуниор 7.