Апел за чување и одговорно однесување кон новите детски реквизити упатуваат од Детските градинки Наша иднина, кои од општествено одговорна компанија, добија две нови детски игралишта во објектите Бончејца и Рампо Левката.
– Од сите зависи користењето и одржувањето на игралиштата. Возрасните секогаш сме пример на однесување на децата во средината – апелираат од ЈОУДГ Наша Иднина.
Со заложбите и помошта од фирмите од градов се создаваат подобри услови за раст и развој на децата од предучилишна возраст.