“Сексот е за сиромаси, богатите бројат пари” од Светлана Петковска

Промоција

“Сексот е за сиромаси, богатите бројат пари” е насловот на книгата од Светлана Петковска, од организацијата на жени од Битола, што ќе биде промовирана на 10 март од 18 часот во ликовниот салон од ЦК “Марко Цепенков”. Делото е посветено на жената. Промоцијата ќе ја збогати октетот Прилеп.

– Книгата ја криев 20 години. Не знам како после ми дојде в раце, стариот ракопис во тетератка со коцки, добро сочувана, од неколкуте мои селења. Ја завршив точно под 20 години, како вселенски подарок за мојот Менде, кој знаеше дека ќе направам нешто вакво. Збогатена е со превод на два соседни јазици – српски и бугарски. Ќе следи продолжение. Важно е да се чита, да се сака, да се биде добар и да се заборави лошото додека книгата е в раце. Го опишувам животот на една жена во Македонија и сите стереотипи и некои непишани правила кои владееле во минатиот и во овој век. Ја опфаќам постпородилната депресија, суицидот на сопругот на главната личност, самохраниот нејзин живот, христијанската вера и многу други работи. Книгата личи на видување на животот на сите. Поточно на сите жени кои сум ги сретнала во животот, од кои сум слушала и научила многу. Сето тоа го преточив во книга – вели Петковска.

Петковска е прилепчанка, која живее во Битола. Таа е дипломиран електроинженер, граѓански активист и  претседател на Организацијата на жени на Битола.

Loading