Фељтон: Томе Велјановски
Младиот домаќин Трајче прв на орото, до него неговата сестра Најденка. Колески Благоја, Митрески Петре Мурџески, Павлески Павле Ванчоски, Василоски Китан, Велјаноски Методија Танески, Ристески Ќиро и Сребре Танески, Јанкоски Атанас, Колески Цветан, Дамјаноски Благоја, Здравески Симон Чонески, Митрески Коста Мурџески, Ристески Спасе Танески, Бошески Драган, Велјаноски Томе, Ѓорѓијоски Данчо Курела, Јанкоски Ванчо и Ванѓел, Велјаноски Благоја (Блаже) Танески, Јошески Данчо Котески. Младите е права убавината.
Во ората и песните воопшто во василичарската веселба преку целиот ден имаше активни ораџии и песнаџи од постарата генерација како Танески Алексо и Јован, Бабјаците Алексо, Ванчо и Димитрија. Колески Ванчо, Димитријоски Милан, Јолески Благоја, Павлески Јованче и др.
Старите ги кршат коските на децата му трпнат забите. На денот Василица – Суро во 1958 година кај Богдановци – Јанковци возрасните василичари поднапиени дома направија така речено кула од луѓе еден на друг. Но, меѓувреме Ѓорѓијоски Стојан Николоски Галабаро осетил нешто да го боцнало во градите близу до срцето. Голема среќа била во тоа што бодилото зафатило во петлицата од фанелата не навлегла подлабоко до срцето.
Од сето тоа случување се нашол нож кој Павлески Мирко обесен на федер по наше викано, на теловна гајка со коскена дршка од прилепските тогашни ножари Димо, Орде, Пане, Стеван. Можно во таа игра, гужва во ножот случајно се отвори да било кама, се има друго мислење, може да е отвори и да направи злоделно дело. Ова е случајно или намерно?
Од таа случка Николовци отворија судство против Мирко со кое Мирко беше казнет со укор од три месеци. Исто така, Николовци – Галабовци се откажа да не учествуват во верските празници за Коледе, Василица – Суро во с. Марул.
На денот Василица во 1959 година василичарите одат од кај Димитријовци – Новачевци од Втора Бригада преку река во Прва бригада, Западно Маало кај Мурџевци. Штотуку василичарите дојдоја во дворот Колески, комшицата Петрејца Митра Николоска го носи за рака петгодишното внуче Коле со торбето обесено на рамо и стапче в раце кое сака да шета со василичарите неговите другарчиња.
Сите василичари и децата Коле го примија за во нивното друштво за шетање преку денот. Колески Ванчо Николоски комшија рече Коле, ќе иди. Јас сум одговорен три деца, ќе бидам и за четвртото дете Коле. Бабата Петрејца Митра го остави внучето Коле и си отиде дома. Коле радосен заборави на плачката, се замеша со неговите другарчиња и преку целиот ден весело здружен шеташе на василичарскиот ден со торбето и стапчето в раце. Си собираше василичен подарок колбаси.
На тој василичен ден во 1959 година:
1. Атанасоски Алексо за Атанасоски Ѓорѓија и Војне Танески;
2. Атанасоски Јован за Атанасоски Атанас Танекси:
3. Велјаноски Методија за Алексо, Костадин и Јошески Мирко (Котески)
4. Јованоски Душан на внуците Јованоски Арсе и Драган:
5. Јовчески Трајко за Јовчески Цветан (Велјаноски);
6. Јошески Блаже за Јошески Киро и Ристески Тане Јанкоски:
7. Мојсоски Ванчо за негов Славе, Ѓорѓијоски Коле, Митрески Методија Мурџески и Павлески Славе;
8. Петрески Димитрија Бабјак за негов Пето и Митрески Арсе;
9. Петрески Алексо Бабјак за Петрески Богоја;
10. Петрески Ванчо Бабјак за Петрески Љубе;
11. Ризоски Трајче Бошески за внуко Ризески Миле, Здравески Стојан Чонески и Ризоски Панде Ценоски.
Отсутност на неколкумина млади василичари по традиција и роднините на своите сопруги:
1. Анѓелески Алексо Кадичето, гостин кај Милевци во с. Клепач;
2.П етрески Митре Бабјак кај Марковци во с. М. Рувци;
3. Петрески Крсте Бабјак кај Пажевци во с. М. Рувци;
4. Петрески Томе Бабјак кај Старецовци во с. Добрушево;
5. Ристески Богоја Танески кај Штрковци во с. Беровци;
6. Ристески Тоде Танески кај Чакмаковци во с. М.Рувци.
Дојчиноски Тошев Јован нагалено Јоле (1850-1933) од родот Здравевци доселени во Марул некаде во почетокот на 1800та година од с. Лагово . Јован Јоле по раст сунизок, но пргав и дарбосан за веселба поготово за играње ора и пеење песни. Како што пренесиле нашите постари марулци како младинец едно оро го водел во игра и до еден саат играње. Престанувал од игра на орото кога ќе останел сам. Останатите ораџи од умор го напуштале орото порано од него.
Поред тогашните песни во неговот време како Ангелино моме, Девојче бело црвено, Женил се Петре војвода, Ој Марике битолке, Прстен ти падна Нешо и др. најомилена негова песна му биоа Ој Марике битолке. На песната Ој Марике битолке се задржувал подолго време. Јоле бил женет за Москоска Коприна од с. Подмол кој имале четири деца: Траенка, Калина, Божин и Таса.
Тошески Јованов Јолев Божин (1910-1972) во триесетите години на минатијот век имал модерн музички инструмент тапан наружан со метални сонови за подбро озвучување музиката. Божин тапанџија му бил на кларинетисто Јованоски Анѓелев Димитрија Курела деленица од минатите времиња.
Лекарот на Димитрија му забранил да свири заради нарушување од здравствени причини на белите дробови со тоа заеднички завршиле со музиката 1944 година. Дојчиноски Божинов Благоја (Јолко 1928 – 2016) беше чиста копија на дедо му Јоле за песната Ој Мариле битолке. Кога се играше и пееше песната Ој Марике битолке со наше видување Благоја е немаше напуштено да не е на орото, само во случај да е отсутен од играњето. Благоја кажуваше за дедо му Јоле дека го запамтил кога оделе на кладенецот во Капиниште, го полнеле дрвеното букаре со вода. Додека дедо му Јоле си го товарал букарето со вода на грбот – плеќите и си иделе букарето полно со вода дома за пиење.
Ова песна Ој Марикле битолке беше омилена песна на сите свечени настани вон ашето село Марул. Стилот и начинот на играта беше во тоа ораџите се пушта од играта и плуска со рацете по три пати и поново се фаќа за играње. Играта наликуваше под трчана како Куцано. Орото се играше помешано во полови само се бира подобри играорци или играорки.
Како што беа од постарата генерација Василоски Алексо, Атанасоски Алексо, Јован Танески, Велјаноски Благоја, Димитријоски Милан, Јанкоски Китан и Цане, Јолески Благоја, Мурџески Јованче, Павлески Јованче и Игне, Колески Ванчо, Стеваноски Живко, Петрески Бабјаците Петре, Ванѓел, Ванчо, Алексо, Димиитрија.
Од помладата генерација, Бошески Трајче, Колески Благоја, Мурџески Богоја, Најденко, Бабјаците Петрески Митре, Томе, Раде, Крсте, Јанкоски Трајче, Василоски Петре, Јованоски Божидар, Јолески Љубе, Јовчески Трајко, Мурџески Ѓорѓија, Нацко, Петре еден, Петре два, Анѓелески Алексо Кадичето.
Продолжува