Најдобра маска – „Танцот на ангелите” 

„Прочка 2025”

За најдобра маска на карневалот „Прочка 2025” беше прогласена маската  „Танц на ангелите” на учениците од Оу „Кочо Рацин”. Во категоријата групни маски беа наградени: Принцови и принцези – ОУ Кочо Рацин, Вили Винка и фабрика за чоколада – ОУ Добре Јованоски и Времеплов – ОУ Климент Охридски и Сакај се, сакај ме и чувај се – ОУ Гоце Делчев. Најдобра поединечна маска е маската на Мила Спиркоска од ОУ „Климент Охридски”, насловена како „Кити брди”. Традиционална маска беше Јаничари од с. Врбјани, општина Кривогаштани. Награда за посебен придонес добија најмладите учесници на карневалот  – Детска градинка Наша иднина Прилеп, со маската –  Штрумфови.

И покрај врнежливото и студено време,  над 600  маскирани учесници во групни и поединечни маски, продефилираа на 23-тата прилепска манифестација која е членка на Евроспката Асоцијација на карневалските градови – ФЕЕК.

Во духот на традицијата се организираше касапски посен ручек со грав во манастирот „Св. Ѓорѓија” во Присад, во организација на Здружението „Прилепски мечкари”. Здружението пак, „Преродба” го изведе адетот  „Амкање”.

Loading