ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (278) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Со направени неколоку ора и песни подржани со музиката од Најденко и Петре Мурџески, делачот на василичиниот подарок Павлески Јованче излезе со тепсијата в раце, застана на чардако и почна да дели колбаси, се знае први на ред се децата. Сите кои зема колбавче заминува во соседната куќа кај Стеваноски Живко. Велјановци и Павлевци Јоновци има од подалечно време соработка. Во 1953 година Игне Павлески и Трајан Велјаноски беа летни ортаци со овците од Ѓурѓовден до Митровден. И двете куќи има купено ливади чаринско и Вешереско поле при преносот на сеното си поможува меѓусебно двете куќи.

Кај Живко Стеваноски василичарите влегоја дома весели, расположени, распеани и весело пречекани од домаќинот Живко, почестени со пијалок. Децата си е знаат работата, одат право кај пампурот, ја отворат вратата со стапчињата, ги кршат жарјето, прават цив пиле и гласно викат, го означуват дено Суро.

Музиката е активна, се редат ора и песни. После направени неколку ора и песни, децата го видоја делачот на василичините подароци Алексо Трајаноски Танески излезе од визбата на Кулата сопствена на некогашниот турски бег Утоски Алија Ќориот со тепсијата в раце застана во тремот широк до излезната врата на собата и почна да дели колбаси. Децата наредени во ред добиват колбаси и заминуват во соседната куќа од Анѓелески Илија. Кадијата Малинкоски од Штавица, очув на Живко, жената на Алексо, Спасија му е втора брачеда на Живко, деца од две први брачеди, од сестра Ката и брато Ѓорче Јанкоски од Марул. Алексо Танески му е нунко на Живко за првото дете Васил во 1951 година.

Василичарите кај Илија Кадијата беа пречекани, почестени со пијалок. Илија наречен Кадијата, уште од детинство во одбрана за убиството на српскијот мајор во местото Орничата бонечка во Веслец во 1915 година при судирот со бугарската војска каде му нестанал сатот на отепаниот мајор. Одговорноста била вперена во него и брачет му Тодор Малинкоски, двата штавички деца.

Илија Кадијата добар пречеклија на василичарите со пијалок, музичар, гајдаџија, често пати во пазарните денови бил гостин во гостилницата на Методија Ченто. Исто така, со повраток во мислите за загинувањето на брат му Аце во Титаник проронуваше солзи.

Само што влегоја василичарите весели Илија стана од гостинската трпеза со лулето на уста, капата в раце, го заигра првото оро засвирено во неговата куќа. Дедо Илија си беше незамислено голем дечар, од пазар си иди, на сите воловарчиња ќе му дади по едно шеќерче со баба ми Трајана беа втори братучеди, од две први братучеди од браќата Коста и Ристе од с. Петеле, леринско. Таков беше дедо Илија Кадијата 1898 – 1961. Гостин му беше Алексо Перкоски од прилепско Алинци, зет за паштерка му Цена – Цвета.

По испеани неколку песни и изиграни ора, делачо на василичиниот подарок Јолески Благоја Мал Тито, внук од сестра на Дуна Илица, сестри со мајка му Доста се од родот Јанкоски, децата го забележа, излезе надвор со тепсијата в раце, застана на скалите, почна да им дели колбаси, прво на децата. Доваѓат и возрасните, добиват колбавче и сите заминуват во комшивската куќа кај Благоја Велјаноски.

Василичарите, весели со песни и ора, одат кај Благоја подржани со музиката од свирачите Најденко и Петре Мурџески. Децата василичарчиња буричка со стапчињата во пампурот, прават цив пиле и гласно викат суро.

Василичарите се почестени со жесток пијалок, музиката трешти, се вијорат ора и песни, после неколку ора и песни забележан беше од децата делачот на дневниот василичен подарок, со тепсијата в раце, Јошески Блаже Јанкоски, ортак со овчарлако со Благоја кој излезе пред надворешноста на чардакот, а децата во ред по него почна да им дели колбаси. Првите деца кои добија колбаси, замина нагоре по Чајрот кај Јанкоски Ладе.

Ладе ги пречека василичарите, радосен поради има негови деца василичари Атанас и Тане. Куќа весело отворена. Василичарите весело распеани со ора и песни, пречекани од домаќинот со жесток пијалок. Децата го направија своето со цив пиле и викотници за денот Василица со изреката суроо.

Делачот на василичиниот подарок Јован Танески на кого Ладе му беше голем девер на венецо при неговата венчавка со девојката Карбеска Ѕвезда од Мало Рувци во 1943 година во марулската црква. Јован излезе со тепсијата в раце во дворот, се поткаче на еден дрвен ќутук (пан) и почна да им дели колбаси на децата по нив и на возрасните василичари. Кој како што добива колобас и заминува в комшии кај Јошески Блаже Јанкоски.

Тука кај Блаже само децата влегоја во одајата кај печалницата немаше место за повеќе гости василичари поради Блаже и очувот Петре, неполна година направија физичка делба. Децата влегоја, направија цив пиле и викотници за суро. Колески Ванчо, нивни нунко како делач застана на скалите на вурнарицата почна со делење на василичините подароци. Децата кои добија подароци колбаси беа упатени место кај осамениот Петре кој не беше дома, замина кај Богдановци – Јанковци. Возрасните василичари доброволно собра колбаси преку Јолески Благоја, му беа предадени на Петре Јанкоски. Благоја на Петре му е внук од прва брачеда од стрико по родот Јанкоски.

Драган домаќинот Богданоски е домазет од Димовци од с. Бонче за Најденка Богданоска – Јанкоска кој ги пречека василичарите, на децата им рече, ние имаме дрва, одете во пампурот, направете цив пиле. Децата како да добија полет, слобода, сите се залета во пампурот со стапчињата почна да буричкат во пампурот, ги тепа жарјето и некој од жарјето попадна на земјениот под и расположени со силна викотница го означува василичиниот ден Суро.

Возрасните василичари влегуват дома со песни и ора. Пречекани со жесток пијалок. Сега не е како лани кој под жесток пијалок направија кула каде во таа направена кула кога Николоски Стојан беше повреден во градите, а не е исто така осомничениот за тоа дело Мирко Павлески за тоа дело непотврдено. Јолески Благоја Мал Тито прв брачед од тетка на домазицата Најденка Наца Богданоска по родо Јанкоски излезе надвор со една дрвена табла плетена од прачки во дворот се качи на каменовото одморалиште и почна да им дели на децата колбаси и заминува в комшии кај Јанкоски Дончо.

Кај Дончо децата влегоја дома, направија цив пиле и провика гласно за суро. Додека возрасните дома не влегоја за веселба поради Дончовата мајка Петра Ристејца родена Танеска немаше навршено година дена од нејзиното умирање. Истото однесување важеше за кај брат му Цветко (Цане).

Овие две домаќинства василичините подароци за раздавање колбаси му ги поверија на Петрески Ванчо Бабјак, зет за прва брачеда од тетка, сестра на татко му Ристе Јанкоски. По завршувањето на василичарството кај Дончо и Цане василичарите замина в комши кај Јанкоски Крсте. Таму музиката ги развесели василичарите влезени дома, направено цив пиле, викање за празникот суро. Почестени со жесток пијалок, се отворија повеќе ора и песни во кој играше домашната девојка 22 годишната Најденка Јанкоска.

Продолжува    

Loading