Во болницата
За прецизни хируршки операции на уролошкото и на ортопедското одделение, прилепската болница доби два софистицирани апарати вредни 20 милиони денари. Опремата набавена од Министерството за здравство ја промовираше министерот Арбен Таравари.
– Со артроскопот, освен колено што досега се оперирало, сега ќе може да се оперираат рамо, скочен зглоб на ортопедското одделение. А за уролошкото одделение е набавен лапараскоп, но и за ендоурологија. Хируршките зафати ќе се изведуваат софистицирано и прецизно – изјави Таравари.

Директорот на болницата, Кире Јоноски нагласи дека апаратите се повисоко ниво на здравствена услуга. Пациентите да не одат во други болници.
-Овозможуваат работа на повисоко ниво. Двата се со 4К резолуција. Имаат многу подобра слика на органите на кои е зафатот. Се ослободува лекарот од грешка во интервенцијата. Работата се олеснува. Пациентите ќе ги третираме во нашата болница – рече Јоноски.

Планирана е набавка на опрема за повеќе одделенија. Нов дигитален рентген – апарат, нов столб за анестезија, апарати за ЕЕГ и ЕМГ, ќе има нова опрема на очното одделение, промена на светлата во хируршките сали.

СО 4К РЕЗОЛУЦИЈАТА, ОПЕРАЦИИТЕ ЌЕ СЕ РУТИНСКИ
Лапароскопски столб е од фирмата Олѕпус со кој ќе се работат два типа на операции: лапароскопски и ендоуролошки. Лапоароскопија е минимално инвазивна метода. Преку неколку отвори на преден стомачен ѕид, се внесуваат инструменти во абдоминалната празнина. Се оперираат тумори на бубрег (радикална нефректомија), афункција на бубрег (симплекс нефректомија), цисти на бубрег (редукција), варикоцела (проширени вени на лев тестис). Ендоуролошкиот пристап подразбира ТУРТ ( трансуртхрал ресецтион оф тхе бладдер тумор ) и, ТУРП (трансуретхрал ресецтион оф тхе простата ). Столбот има можност за ресекција со монополар и биполар. Биполарнарата ресекција е многу корисна, бидејќи, во исто време и ресецира и коагулира, така да, има минимална крвозагуба.

Артроскопскиот столб е од фирмата Смитх&Непхењ со ЛЦД екран е направен по највисоките стандарди за артроскопски интервенции на колено, рамо и скочен зглоб. Артроскопските интервенции ќе станат рутински операции во болницата. Досега редовно се извршуваат артроскопски интервенции на колено 50-70 во една календарска година, а наскоро се планира артроскопски интервенции на скочен и рамен зглоб. Додека за третман на менискалните повреди во блиска иднина ќе почнеме со шиење на менискуски што е светски стандард за овие спортски повреди. Ќе продолжат со третман на скинат преден вкрстен лигамент т.е. лигаментопластика со најсовремени методи, посочуваат од прилепската болница.
ДОГОВОРИ, ПА РЕШЕНИЈА
– Се чека одобрение од Министерството за финансии за регулирање на статусот на 1180 договорците што работат во болниците низ државава. Од Министерство за здравство веќе е потпишано. Гарантирам, не дека ќе им се продолжат договорите, туку ќе земат и решенија. Тоа го најавивме, а на 30 декември го поминавме и во владата и здравство и финансии. Но, во новите систематизации, поради приватните специјализанти кои се 300 во првата половина на годинава, и уште 300 во втората половина на 2025, ни требаше нова систематизација. Директорите сега ќе отвораат конкурси. Договорците ќе ги примаат, но не мора сто проценти. Некои од договорците не се компетентни и не работат како што треба. Директорот има ексклузивно право да одлучи по конкурсот што ќе се објави – рече Таравари.