Три борби во Полска

Карате

Во Биелско-Бијала во Полска се одржа Европското првенство во карате на кое беа 35 претставници на Карате федерацијата на Македонија.  Настапија и два члена на прилепскиот клуб Спорт 94.

Четиринаесетгодишниот Теодор Стојаноски настапи во кумите во кадетска конкуренција. Во категоријата над 70 килограми силно се спротивстави на противникот од Ерменија, Аветис Гевондјан, па резултатот е минимален 1:2 во полза на Ерменецот. Деветнаесетгодишниот Матеј Белистојаноски настапи во кумите во јуниорска конкуренција до 21 година. Во категоријата до 67 килограми, по слободното прво коло, во второто доби ривал од Ерменија, Сурен Харутјунјан, кого го совлада со 4:1, но во третото коло со 2:4 загуби од Мухамед Оездемир од Германија.

Македонија освои еден медал, бронзен, по заслуга на кадетката во кумите до 54 килограми, Душица Бреслиева, членка на КК Штип.

Loading