Промоција
Книгата “Телесност и отелотворување” од Гоце Наумов се претстави во фоајето од ЦК “Марко Цепенков. Се промуабети за тоа како луѓето визуелно и симболички комуницираат со телата од предисторијата до денес.
Археологот и музичар Гоце Наумов прави солиден обид за толковно перципирање на телесноста во минатото преку археолошките артефакти, проширувајќи го значењето и манифестацијата на телесноста во уметнички и хуманистички дисциплини. Со студиозната анализа на човечкото тело преку археолошките артефакти во општествен контекст, трасира и нуди можност за подлабоко семиотичко толкување на антропоморфната иконографија.
Промотивно предавање во културниот циклус настани “Процеп во процес” го трасираше ЦК “Марко Цепенков”, беше инспиративна можност да се приближи друга димензија на нашата автореференцијална телесна перцепција која ние денес рутински си ја правиме со гледање во огледало.
Модератор на настанот беше Александар Еленин.