Ракомет
Викендов екипата Прилеп ќе ги одмере силите со една од најсилните екипи во Супер лигата, Вардар. Мечот е во Скопје. Бездруго, домашниот тим има планирано победата, а гостинскиот шанса уште за едно искуство. Есеноска во Прилеп беше 37:27 за Вардар.
Пролетната етапа почна со пораз за Прилеп. Овојпат дома со 28:33 е загуби од скопскиот Бутел. Во домашниот состав Божидар Илиески даде 6 гола, Владан Кастратовиќ и Давид Трајкоски по 5, а во гостинскиот Филип Николов беше незадржлив со 9 гола. И по овој исход останува борбата на Прилеп за плејофот.
Табела: Алкалоид 32, Еурофарм Пелистер и Вардар 30, Охрид 27, Бутел и Тиквеш 18, Пролет и Прилеп 14, Куманово 8, Борец и Струга 6, Радовиш 1.