Кошарка
Голема криза во кошаркарскиот второлигаш Мега баскет. Нов пораз, шести во серија, од МЗТ Уни банка во Скопје, со 85:73. Се чини, наближува крајот на кризата, поради можноста за победа на следниот меч. Викендов во салата на ОУ “Добре Јованоски” Мега баскет е домаќин на Водно од Скопје. Есеноска во Скопје Водно победи со 95:82. Сега е време за реванш. Не е нешто неможно. Водно има освоено бод помалку и е едно место под Мега баскет на табелата.
Табела: Соколи 26, Маџари и Ангели 25, Борец и Црн Дрим 23, МЗТ Уни банка 21, Бутел 20, Охрид и Мега баскет 19, Водно 18, ФМП 17, Работнички 16.