ЧОВЕК СО ВИЗИЈА ЗА ПРИЛЕП

Кафе муабет со Диме Бозоски, актуелниот советник од ВМРО – ДПМНЕ и заменик градоначалник на општина Прилеп

“ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и ќе понесе убедлива победа во Прилеп на претстојните локални избори, без разлика кој ќе биде избран за кандидат за градоначалник.” Ова, со сигурност го тврди  Диме Бозоски, актуелниот советник од ВМРО – ДПМНЕ и заменик градоначалник на општина Прилеп. Тој е успешен стопанственик со долгогодишно искуство во бизнис – секторот.

Улогата на советниците е да бидат „линкот” помеѓу граѓаните и локалните органи на управување.

– Како член на Совет на Општина Прилеп, целиот мој мандат настојувам, интересите на граѓаните да бидат во прв план. Преку секојдневни неформални средби со моите сограѓани, преку кафе муабет, поблиску се запознавам со нивнитте иницијативи, предлози и потреби. ВМРО – ДПМНЕ била и останува на страната на народот за подобрување на условите за живот.

Го знаете алгоритамот како функционира локалната самоуправа. Како економист и бизнисмен што треба да се подобри?

– Постојано јакнење на општинските совети е тенденција која се практикува. Буџетското и финансиското работење на општините е клучно за интересите на граѓаните и менаџирањето. Локалниот економски развој е клучен процес за напредок преку реализација на конкретните чекори.

Соработката на советниците и медиумите?

Улогата на советниците во пренесувањето информации до граѓаните, но и во медиумите е круцијална за успех. Транспарентноста во работата на Советот и поставувањето на информации на веб страницата на општината се неопходни, туку  и законски обврзувачки. Граѓаните имаат право да знаат каде одат и како се трошат нивните пари.

Убедени сте дека Прилеп, пак ќе има градоначалник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ?

– Имам целосна доверба во Премиерот и Претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека ќе направи најдобар можен избор за кандидат за градоначалник на Прилеп. Неговото лидерство досега, покажа дека секоја одлука ја носи со сериозна анализа, искуство и одговорност кон народот.

Во политичките кругови се споменувате како еден потенцијални кандидати за иден градоначалник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ.

– Се надевам дека моето име е во внатрепартиската анкета на ВМРО – ДПМНЕ за избор на кандидат за градоначалник на Прилеп. Себе си се гледам како  сериозна  опција за градоначалник кој ќе донесе промени и развој на својот град. Со долгогодишно искуство во економијата, бизнисот и локалното управување, најавувам дека сум подготвен да одговорам на предизвиците и да понудам конкретни решенија за подобар Прилеп.

Прилеп е град со богата историја, култура и потенцијал за развој. Каква визија имате за неговата иднина?

 – Прилеп заслужува модерен пристап кон развојот, со акцент на економијата, инфраструктурата и животниот стандард на граѓаните. Мојата цел е да создадеме град кој ќе биде поудобен за живот, со подобри можности за младите и со стабилен економски раст. 

Во јавноста сте познат како голем хуманитарец.

– Мојот хонорар од советничкиот ангажман го донирам на народот, како што и предизборно ветив. Човек сум кој активно помага во заедницата и работи за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

АМЕРИКАНСКИ ТЕМЕЛ ЗА ЕКОНОМСКА ЕКСПЕРТИЗА

Диме Бозоски роден е на 9 август 1976 година во Прилеп. Средното образование го завршил во Америка, Лањренце Цоунтѕ, Мисисипи, по што се враќа во татковината и дипломира на Економскиот факултет во Прилеп, на смерот Маркетинг менаџмент. Во 2008 година се стекнува со титула Магистер по економски науки на истиот факултет, дополнително надградувајќи ги своите познавања од областа на економијата. Сопственик е на ТД ПРОСПЕРО увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп од 1998 година. Во кариерата бил и директор на ТУТ-КОМ (Цигари) Прилеп, а неговата експертиза во економијата и менаџментот му овозможила значаен придонес во развојот на локалната економија.

АКТИВЕН ПОЛИТИЧКИ АНГАЖМАН

Активен член е на ВМРО – ДПМНЕ од 2004 година, а од 2010 до 2012 година бил претседател на Комисијата за економија на ВМРО – ДПМНЕ. Изминативе години, преку неговиот посветен ангажман дал голем придонес во работата на централната Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2021 година станува член на Советот на Општина Прилеп, а од јуни 2024 година, според Статутот, ја извршува функцијата заменик – градоначалник.

Loading