Витаминка од 2 до 5 февруари ги претстави своите производи на саемот ИСМ 2025 во Келн, Германија. Целосниот асортиман од слатката програма, кондиторски производи, солени и крцкави закуски беа изложени на најголемиот саем кој претставува центар на иновации и најнови трендови во кондиторската индустрија.
– Се презентираа нови трендови, иновативни производи и перспективи пред најголемите компании од секторот од голем број држави, почнувајќи од Германија и нејзините соседни земји, до Гана и Индонезија, преку Австралија и Костарика. Витаминка е редовен изложувач на ИСМ. Во досегашното искуство сме се увериле во придобивките и реалните резултати. Учеството има исклучително значење, бидејќи го претставуваме и промовираме македонското производство и воспоставуваме нови бизнис соработки – вели Илија Наумоски, помошник оперативен директор на Витаминка.
На саемот беа присутни и претставници од секторите на Витаминка, извоз, производство и развој.
Витаминка е една од 1500-те компании од 70 држави кои учествуваат на саемот ИСМ 2025.
Карванот на Витаминка продолжува низ целата држава
Караванот на Витаминка што учи на другарство, емпатија и почит од февруари продолжува да ги посетува предучилишните установи низ земјава. Пренесувањето на најважните социјални и општествени вредности се причината за големиот интерес кај образовните и педагошките кадри и кај родителите и барањето за продолжување и проширување на едукацијата. Предвидено е да се опфатат што е можно повеќе предучилишни установи, а каде има потреба претставата ќе се изведува двојазично, на македонски и албански јазик. Во првиот дел од кампањата, карванот ги посети скопските предучилишни установи и реализира вкупно 48 претстави, кои успеаја да допрат до импресивна бројка од 8005 деца. По позитивните реакции, проектот продолжува низ целата држава, со планирани посети уште во 80 установи, вклучувајќи и рурални региони. Иницијатор е Витаминка, а носител е продукција Триангл, тим од професионални музичари, експерти, педагози, психолози и едукатори.