Три дена на Европско

Карате

Европското карате првенство за кадети и јуниори е од денеска до недела во Биелско-Бијала во Полска. Учествуват македонски репрезентативци, членови на прилепскиот клуб Спорт 94, Теодор Стојаноски и Матеј Белистојаноски. Кадетот Стојаноски (има само 14 години) првпат е на Европско, по двапати освоени петти места на Балканско, а јуниорот Белистојаноски (19-годишен) е претходно потврден со медали од разни врвни натпреварувања, меѓу нив и бронзен од Европското во Тампере, Финска, пред четири години.

– Теодор е мошне млад и многу перспективен каратист. Импонира со желбата и ангажманот. За него Европсково е отскочна штица. Матеј е веќе оформен натпреварувач, сениорски репрезентативец, капитен на Македонија. Тој е наш главен адут за нов медал во Полска – вели Петар Белистојаноски, тренер на клубот Спорт 94.

На Европското се вкупно 35 каратисти од Македонија.

Loading