Петти пораз во серија

Кошарка

Продолжува кризата во кошаркарскиот второлигаш Мега баскет. На последниот меч дома, во салата на ОУ “Добре Јованоски”, Мега баскет – Соколи Штип 71:89. Висок пораз, петти во серија. Претходно беа поразите од ФМП во Струмица, Ангели во Скопје, дома од скопско Маџари, како и во Охрид. Последниот успех беше на 30 ноември, победата дома од 78:69 врз велешкиот Борец. Кризата за тимот на тренерот Мико Голубовиќ е повеќе од два месеца. И претстојниот противник е тежок, со звучно име, МЗТ Уни банка, а мечот е во Скопје. Добро е конечно да се прекине лошата серија, наспроти проблемите со составот.

Табела: Ангели и Соколи 24, Маџари 23, Борец 22, Црн Дрим 21, Бутел и МЗТ Уни банка 19, Охрид и Мега баскет 18, Водно 16, Работнички и ФМП 15.

Loading