Концерт на тенорот Белистојаноски и пијанистот Мариновски

Во рамките на музичката програма при НУЦК „Марко Цепенков” – Прилеп, на 11 февруари, во фоајето, ќе се одржи целовечерен концерт на оперскиот тенор Илија Белистојаноски во пијано придружба на Дарко Мариновски. На програмата се светски познати оперски арии, дела на Качини, Скарлати,  Џордани, Моцарт, Масне, Пучини, Верди…

Белистојаноски, откако ги откри сопствените вокални способности,  понатамошното образование го продолжи на Музичката академија во Штип, во класата на проф. Борис Трајанов. Учествува на сите концерти во чест на проф. Коста Трпков заедно со оркестарот на Националната опера и балет. Дебитира во операта Макбет од Џузепе Верд. Одржува концерти низ Македонија. По дипломирањето, освојува прво место во Белград, Србија. Потоа освојува Гранд На  натпреварот “Руска романсијада” во Софија влегува во 12-те финалисти заа натпревар во Москва. Таму се закити со втората награда. Настапи  во салата “Кремлинскиот дворец” во Москва. Се натпреварува за “Руската вокална музика” во Скопје. И таму беше втор. Во финалните рунди на светскиот натпревар “Белведере” во Рига – Латвија, соработувал со познати педагози од музичкиот свет. Учествува на мастер-класите на Капучине Киаудани во Италија. Учествувал на натпрварар во пеење во Баку, Азербејџан. Настапувал на Охридското лето и имал концерти во земјава и во странство.

Пијанистот Мариновски, дипломира на ФМУ во Скопје кај професор Борис Романов. Магисрирал под менторство на проф. Јасминка Чакар. Одржува бројни настапи и концерти во Македонија во рамките на Скопско и Охридско лето како и концерти во Бугарија. Работел како професор по пијано и корепетиција во средното музичко училиште во Скопје. Од 2009 до 2019 година е декан на Факултетот за применета музика на ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк. Ја стекнал титулата редовен професор. Автор е на музика на неколку краткометражни филмови. Компонира музика за театарски претстави. Снимил и ЦД со музика од светската џез литература. Автор е на оркестарските аранжмани на 5 македонски родољубиви народни песни. На филмската академија при УГД, Штип предава Звук на филм и Акустика со психоакустика, перцепција и анализа.

Loading