Филип Јовески во Скопје

Изложба

Синоќа во Националната галерија Чифте Амам во Скопје беше отворена изложба на ОСТЕН биеналето 2024, на со дела од наградените уметници. Меѓу нив е и нашиот Филип Јовески, мултимедијалниот трансдисциплинарен визуелен уметник, кој е награден со прво место од меѓународното жири за фотографија, видео и мултимедија. Престижната награда е освоена во конкуренција од 273 уметници од 51 држава со 863 дела.

Јовески се претставува со серија на три мултимедијални дела изработени во комбинација на традиционални и дигитални техники, презентирани преку апликација за аугмемтирана реалност. Делата се инспирирани од македонското културно наследство и шарите на традиционалните народни носии.

Остен Биеналето е во организација на ОСТЕН Скопје, и е манифестација отворена за сé што е ново и е многу посеопфатно од традиционалното, давајќи предност на дела кои ги разбиваат старите и излитени ликовни матрици, дела кои имаат специфичен авторски белег или навестуваат обид за исчекор надвор од востановените академски правила, во слободниот простор на создавањето. Биеналето ги предизвикува уметниците да ги поместат конвенционалните граници, како од аспект на користењето на техниките, алатките и медиумите, така и од аспект на творечката слобода на изразувањето.

Loading