Кога црниот дроб ќе се преоптовари, не ги врши функциите навреме и правилно. Отровите, кои требало да ги исчисти, се складираат во него и во другите витални органи. Почнува процесот на дебелеење. Реткој кој е свесен дека има проблем со црниот дроб. За слабеење, првин се внимава на добриот детокс, односно прочистувањето на организмот, особено на овој витален орган.
Чистиот црн дроб (кој ако се одмори, се регенерира) е најважниот фактор што одредува дали е можно да се ослабе или тој процес колку и да има обиди, ќе биде спор или запрен и нема да даде никакви резултати на подолг временски период. Црниот дроб врши детоксикација на организмот. Вредно и неуморно работи секој ден. Под голем стрес, некогаш не ја исполнува функцијата како што треба. Ако не може да ги претвори токсините во безопасен отпад, тие се складираат во масното ткиво и чекаат тој повторно да ги преработи за да се исфрлат од телото. Ако тоа не се случи, телото се полни со отрови и подоцна да се предизвикаат различни болести. Има симптоми и сигналите, кои телото ги праќа кога црнио дроб е преоптерен.
Дисбаланс во хормоните. Црниот дроб го регулира нивото на хормони. Ако е нефункционален, се предизвикува нерамнотежа на нивоата на естроген и тестостерон. Така се намалува либидото и се изразени ПМС симптоми. Нарушување на имунолошкиот систем. Оние кои често се разболуваат мислат дека главен виновник е недостатокот на витамин Ц. Состојбата на црниот дроб игра важна улога во изградбата на силен имунолошки систем. Ако е здрав, подобро се бори со различните вируси и бактерии.
Чувство на дезориентираност. Ако црниот дроб е преоптоварен, не ја филтрира крвта правилно. Така токсините допираат до мозокот. Може да се јават симптоми на проблеми со помнењето и другите когнитивни способности или нерешителност при носењето одлуки.
Ниско или високо ниво на шеќерот во крвта. Црниот дроб е одговорен и за одржување на нивото на шеќерот. Ако не работи како што треба, може да се доживее ненадеен пад на шеќерот. Во нормални околности, црниот дроб ослободува глукоза после оброкот. Ако не го ослободи вишокот на гликоза, опаѓа нивото на шеќер. Може да се доживее вртоглавица, несвестица, намалена концентрација и нервоза. Може да дојде и до висок шеќер во крвта и инсулинска резистентност.
Расположението и помнењето зависат од мозокот. Кога отровите ќе стигнат до него, се јавуваат проблеми со помнењето и изненадни промени во расположението. Анксиозноста и депресијата се поврзани со црниот дроб.
Апнеата е нарушување во спиењето. Се прекинува дишењето повеќе од 10 секунди. Може да се блокираат 2-3 минути дишните патишта, а овие кратки прекини заедно да сочинуваат повеќе од половина од целокупниот период на спиење. Најчест симптом е грчењето. Затоа треба да се провери црниот дроб.
Исхраната е клучна за лекување на замастен и преоптоварен црн дроб. Треба да е растителна, овошје, зеленчук, мешунки и полнозрнаста храна, храна богата со влакна. Нужна е редукција на рафинираниот шеќер, слатки, бел леб, ориз, тестенини и други рафинирани продукти. Грицките целосно се избегнуваат, алкохолот и сосема малку сол. Ограничена е храната со масти, црвеното месо и другите животински продукти.
Помагаат кафето, овес, каша, ореви со здрави маснотии, сончогледови семки, антиоксиданси, маслиново масло, зелен чај и лук.
Вишок на килограми. За слабење се проба рецепт за чистење на црниот дроб. Се консумира напитокот 3 дена и се чисти овој витален орган.
Потребни се 3 лимони, 1 чаша сечкан магдонос, 5 стебла целер,,лист и малку корен и 6 чаши вода. Лимоновиот сок, магдоносот и целерот се ставаат во блендер. Потоа се додава водата. Добро се миксира. Се консумираат 2 чаши поделени трипати дневно на празен стомак. Постапката се повторува следните 2 дена. Се паузира 7-10 дена и пак се повторува третманот.Се пие три дена. Се одбегнуваат тешки оброци. Се јаде свежа здрава храна да се засили процесот на слабеење.