Ракомет
По зимската пауза (поради настапот на Македонија на Светското првенство) викендов продолжуваат возбудувањата во ракометната Супер лига за мажи. Екипата Прилеп уште е во борба за влез во плејофот, меѓу шесте најдобри, со оглед на бодовите (14) и споредбата со конкурентите, Пролет од Скопје (14), Тиквеш од Кавадарци и Бутел од Скопје (по 16). Прв следен ривал за Прилеп е токму скопскиот Бутел, дома, во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Есеноска во Скопје Бутел го доби мечот со 25:18, а сега е шансата да се возврати.
Табела: Алкалоид 30, Еурофарм Пелистер и Вардар 28, Охрид 25, Бутел и Тиквеш 16, Пролет и Прилеп 14, Куманово 8, Борец и Струга 6, Радовиш 1.