Тешко на дворовите каде оро водат дворските шутови.
*
Не оставајте да се дише само низ дупките во законите!
*
Размислете добро дали непријателите можат да ви мислат добро.
*
Ако имате иста професија не значи дека имате и исти соништа.
*
Луѓето никогаш не се само број.
*
Кога доблестите не се ценат доаѓа ерата на пороците.
*
Ниту клателе врата, а примале – плата.
“Д-р Хаџи-Васков”