Гимназија “Мирче Ацев”
Со свечена седница на Наставничкиот совет со која раководеше директорката Весна Михаиловска, Гимназијата “Мирче Ацев” на 31 јануари одбележа 80 години од првиот час на македонски јазик. Се одржа пригодна програма, турнир во одбојка, а беше поставена и изложба на слики во училишниот ходник. Присуствуваше и Ирена Стерјовска Локвенец, претседателот на Советот на Општина Прилеп.
– Гимназијата е столб на општественото живеење во Прилеп. Многумина успешни лекари, професори, инженери, архитекти, сликари, спортисти, музичари својата успешна приказна ја започнале токму во оваа гимназија. А денес, нашите ученици, ја продолжуваат – рече Весна Михаиловска, директорот.

Спомени евоцираа Димче Настоски, Ристо Бојкоски и Трајче Зуљамоски, како поранешни директори и пензионираните професорки, Стевка Небрежанец и Мирјана Бошковска.
Во историски развој гимназијата поминува низ неколку фази. Поминале околу 14000 ученици, над 300 професори, 45 надворешни соработници, 17 административни работници, а 48 лица како технички персонал.