Може ли природно да се чистат крвните садови? Кардиолозите откриваат кои луѓе се изложени на ризик од инфаркт…
Се знае дека холестеролот му штети на организмот, но малкумина знаат колку брзо телото може да се регенерира. Треба да се земе предвид начинот на живот, а особено исхраната. Кардиолозите велат дека е можно да се исчистат крвните садови со природен третман. Наслагите се акумулираат во крвните садови со текот на времето. За жал, кога се полнат 30 години, почнува процесот на атеросклероза и сите почнуваат да добиваат наслаги на крвните садови. Атеросклерозата зависи и од наследната предиспозиција и грешките во животот, како пушењето, тежината, контролите на мастите, крвниот притисок, животниот стил воопшто.
Луѓето со висок крвен притисо, со холестерол и со триглицериди, особено лошиот холестерол, се во особено опасната зона. Не мора да се манифестираат проблеми, а може да се има многу висок лош холестерол, што го зголемува ризикот од добивање атеросклероза. Некои развиваат проблеми на 40, некои на 50 години или нешто подоцна… доживуваат ангина, болка и во еден момент срцев удар. Тоа може да се спречи. Има многу природни препарати кои се рекламираат, а кои можат да го забават тој процес.
Сепак, првин е нужна превенција и здрав начин на живот. И здравите имаат висок холестерол. Тие треба да внимаваат на исхраната. Тоа е доволно. Ако се забележани ризик фактори и други проблеми, меѓу кои и високиот холестерол, потребни се одредени лекови да се намали тој ЛДЛ…