Winter Apricots во киното Мис Стон

Од 60-ти до 8- ми февруари

Традиционалниот деветти филмски фестивал Winter Apricots ќе се одржи од 6-8 февруари во кино Мис Стон. За три дена ќе се прикажат 50 филмови во три натпреварувачки и една ревијална категорија. стартот е на 6, февруари во 18 часот, а ќе заврши на осми на полноќ. Градот ќе оживее со филмови, музика, специјални гости, работилници, разговори и дружби.

– Фестивалот е можност да се искусат ретки и возбудливи кратки филмови во три категории – национална, балканска и интернационална’. Манифестацијата ќе загрева со звуците на возбудливата музичка понуда. Winter Apricots цвета како примула низ карпите, жив, блескав пламен во мракот, подготвен да сјае.  Годинава, преку влезниците, се претставува фасцинантната и префинета уметност на локалната уметница Александра Ацеска. Нејзината длабока чувствителност и лична истражувачка приказна за природните форми и нивната духовна суштина, совршено се совпаѓаат со сржта на фестивалот – велат организаторите.

Loading