Повеќе вода в центар

Да се подобри водоснабдувањето и да се намалат комерцијалните и тѕхничките загуби на водата во центарот, локалните власти, преку ЈП Водовод и канализација, почнаа еден од трите капитални проекти, аплицирани на јавниот повик од Владата.

Станува збор за реконструкција на водоводната мрежа во таканаречената зона Карабдалица во центарот. Ќе се постават цевки од Ф90, наместо старите од Ф50. Ќе се сменат 1240 метри, ќе се постават 124 приклучоци и, за поголема пристапност, ќе се инсталираат 7 хидранти за противпожарна заштита.

Loading