Пинг-понг
Во тренажен процес е и ПК Младост 96. Лидерот на есенската табела од Супер лигата на Македонија, десетина дена засилено се подготвува за на пролет да биде најдобар, првин до крајот на основниот дел, а потоа во плејофот.
Со тренинзите раководи Гоце Тошески, прославениот пингпонгар и тренер. Тој каде и да оди, секогаш се враќа таму откаде што почна. Како тренер беше во Шведска, се врати во Младост 96 и успеа да стигне до шампионскиот пехар. Сега повторно е во странство, во Германија, но од пред две недели пак е во Прилеп. Ги води подготовките за одбрана на позицијата есенски првак. Во Младост 96 на располагање се Андреј Лашкоски, Антонио Стомнароски, Лука Огненоски, Петар Костовски, Нико Доага, Ѓорѓе Борчиќ, Влада Борчиќ… Напролет Александар Рикалоски ќе биде напомош на соседниот клуб Младост.
Во клубот Младост 96 течат и подготовките за организација на турнирот “Илија Карески – Каре”.