ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (274) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Јоновци, екс домаќини, василичарите мали и возрасни весело пречекани и почестени. Децата е извршија нивната работа, е отворија загрејаната печка со стапчињата направија цив пиле, некој од децата со ражените пржеја колбаси во печката. Музиката со кларинето од Нацко и тапано од Петре Мурџески весело активно се разви весело оро од ораџите помешани млади и постари меѓу нив и Јоноските девојчина Спасија, Горица, Верка расположени за играње.

Многу беше интересно со спремноста на нивните кревети за спиење затегнати како војнички кревети, поубаво од градска соба за спиење. Рафто дрвен квадрарест сместен во ќошот во собата висок равно до тавано единствен таков во Марул наредени тањири, вилушки, лајци, чаши вински и ракиени бокали и др. Ги имаше многу сите знат да Павлевци Јоновци за сведниот ден Мала Богородица на два пати дават ручек на гостите, а од никаде ништо не позајмуват.

Веселбата со ората и песните е растурија малите василичари децата свика, ајдете делачот Алексо Трајаноски Танески излезе со тепсијата полна со колбаси.

Вистината е таа, Алексо застанат на чардакот и како што излегуват василичарите пред се децата и добиват по едно колбавче го земат пато за по чајрот за кај Јованче Мурџески. Кордата Павлеска полна со мали јагниња поред нивните мајки кој јадат сено. Оттука се виде да домаќинот еден од браќата Јованче се придружи со василичарите за дошетување на селото преку денот василичарски.

Децата василичарчината први влегуват дома кај Јованчевци, мислата му е отворање на печката, прават цив пиле во жарјето и викат на глас суро, суроо. Некој повик од децата се слуша оди понатаму во жарот ќе пржат колбас.

Доваѓат возрасните василичари со музиката и е повесело со ора и песни. Гостин кај Јованчевци беше Пецо Вишиноски од прилепско Алинци, момчето од Марија, ќерка на Јованче Мурџески познат од порано кај марулци, чука здравици со василичарите и го врти кецот на орото. Делач на василичиниот подарок е Милан Димитријоски, зет за внука од брат на домаќинката Јованчејца Коприна по Богоески од с. Беровци. Милан делачот на колбасите е забележан од децата со тепсијата в раце, излегува надвор и децата јурна да излезат. Милан делачо застанат на чардакот и започна со делење колбаси. Како што излегуват василичарите и добиват парче колбас и заминуват во соседната куќа кај Ванѓел Бабјак.

Василичарите кај Ванѓел се весело пречекани со топол пијалок, буричкање во печката, правење цив пиле од страна на децата и викање суро. Музиката со пејачите и ораџиите идентично весели, од повесели. Мајтабџите го прашуват Ванѓел во смеја каде ти се синовите Митре и Томе. Одговор добија, тие денес се гости кај дедовците како зетови, се мезат со колбаси и пивтија со напит вино и топла ракија. И јас сакам да ми е арно.    

Нацко, свирете со Петре едно тешко оро за да си ги наместам коските од грбо кои ми се изместија од носење сено и слама со кошот на рамо кај стоката. Со таков весел Ванѓел гајдаџија песнаџија амбициозен човек се што беше присутно се фати на неговото тешко оро што го водеше тој.

Делачот на василичарскиот подарок е Јованче Павлески, зет за сестра на Ванѓел беше виден со тепсијата в раце кој застана на чардакот да излезат на надворешната врата почна да дели колбаси. Први колбасари беа децата, зема колбавче по нив и возрасните василичари е напуштат ванѓеловата куќа, одат в комши кај ванѓеловиот брат Петре Бабјак.

Веселбата кај Петре Бабјак е иста како и кај брат му Ванѓел, василичарите пречекани домаќински. Децата направија цив пиле во пампуро, провика гласно за суро, повеќе деца со ражените испржија колбаси во печката, возрасните василичари пречекани со напиток вино и топла ракија.

Се развија весели ора и песни. Петре на чело оро води, до него браќа му Алексо, Ванчо синот Диитрија и василичарите. Тука се зетовите Зенгоски Ќиро од Ношпал, момчето на Весела и Цане Минчески, момчето на Зора од битолско Алинци помешани во орото и песните со василичарите. Милина од веселба во Петревата куќа.

После неколку ора и песни делачот на василичарскиот подарок Ванчо Бабјак, брато на Петре е забележан од децата, срипа за надвор, ќе се делат колбаси. Ванчо застанат, поткачен на еден дрвен ќутук пред куќата им дели колбаси од тепсијата на сите редум, излегуват од куќата и заминуват кај Бошевци Горните.

Бошевци василичарите ги пречека весели, распејани со помош на музиката, почестени од домаќините со пијалоци вино и топла ракија. Децата во отворената загрејана печка си го терат адето со стапчињата удират по жарјето во печкаат прават цив пиле и викат гласно за суроо. Некој од децата пржат колбаси во печката.

Коле домаќино седи на трпезата наредена со повеќе мезалаци поради има гости од шесте зетови, тука беа присутни само двајца, Ѓуро Секулчески од прилепско Алинци и Раде Вршкоски од Шелеверци.

После изведени ора и песни делачот на василичискиот подарок Колески Ванчо излезе со тепсијата в раце, а децата нарипа сите по него во ред за да чекат подарок од домаќините за дено Василица да им се исплати правењето цив пиле и викањето суро. Ванчо застанат надвор пред куќата на летното камено почивалиште и дели василичарски колбаси. Се знае, први на ред се децата, зема колбавче и заминуват во соседната куќа кај Бошевци долните Ценовци, возрасните истото го прават, зема подарок и заминуват кај Бошевци Ценовци.

Кај Ценовци се направија адетите од страна на децата за цив пиле и суро. Тие ги има за гости зетовите Здравески Васил Сало и Неданоски Благоја Делоски од Штавица и новиот зет Микаел Талески Аспроски од Подмол. Музиката и ораџите на место фатени на ората, сето е весело. Делачот на василичкиот подарок Јованоски Душан прв брачед од вујко на домаќинката со плетената табла в раце подкачен на каменот во кој марулски домаќинки толчат пипер во него за правење црвена готварска пипер, дели место колбаси, бисквити. Децата радосни бара по две бисквити и добиват. Василичарите послужени и заминуват во соседната куќа кај Чоневци. Колевци и Бошевци се деленици.

Чонеската куќа е мала куќа, секогаш е весела и секој гости да се, е весело, па и денес е весело со повеќе гости василичари. Децата се првите гости, влегуват и одат право кај пампурот, прават цив пиле и по традиција викнуват три пати суро, суро, суро за поголеми подароци од делачо. Некој почнува за да печат на ражените колбаси.

Влегуват возрасните василичари загрејани, развеселени, некој заграбени. Од домаќините пречекани со вино и ракија, претежно топла. Веселбата започна со песни и ора. Првото оро го изигра домаќинката Атанасица Илинка. После нејзе, се изредија повеќе ора од василичарите поготово од младинските ораџи Благоја, Трајче, Павле, Петре, Ќиро, Сребре, Китан, Атанас, Методија, Коста, Симон, Спасе, Благоја и др.

Со ветеното на делачо на Благоја Јолески према децата за викањето суро поткачен Благоја на каменовото одморалиште со тепсијата в раци сите редум добиват колбавче. Со тоа заврши веселбата кај Чоневци. Василичарите млади и возрасни замина кај Таневци Блажевци.

Блаже домаќинот ги пречека василичарите, ги почести со топол пијалок. Децата е завршија својата работа во печката направија цив пиле во пампуро исто така гласно го означија василичарскиот ден со викање гласно за денот суроо. Музиката непрестано свири, се редат ора и песни од страна на веселите василичари.

Продолжува    

Loading