Градоначалникот Борче Јовчески во работна посета во Австрија
Градоначалникот Борче Јовчески заедно со директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Прилеп, Зоран Малкоски, градоначалници од повеќе општини, претставници на Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади се во работна посета на Австрија. Посетата е дел од проектот Трансакт: Трансформирање на глобалните социјални предизвици во реални локални активности.
– Овој значаен проект, поддржан од Австриското Сојузно Министерство за социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи, ќе го донесе пилотирањето на новата социјална услуга „Медицинска сестра во заедницата” првпат во нашата држава и во Прилеп. Целта на услугата е да овозможиме медицинска нега за лица и семејствата во социјален ризик. Ќе оствариме средби со водечки организации и институции во Австрија кои обезбедуваат социјални и здравствени услуги. Преку размена на знаења и искуства, ќе ги проучиме успешните практики за примена во нашата заедница – информира Јовчески.
Заедно со партнерите од Австрија, создават иновативни решенија за подобрување на пристапот до квалитетни социјални услуги за сите граѓани.