Фудбал: Хрватска
Мируваат домашните фудбалски првенства, но привлечни се настапите на нашите интернационалци. Од прилепчаните претходниот викенд значаен меч во Првата лига на Хрватска имаше Илија Несторовски (34). Тој одигра во шпицот од нападот на Славен Белупо од Копривница, на гостувањето во Сплит кај гигантот Хајдук. Резултатот е поволен за гостите, 0:0, на прочуениот стадион Пољуд, и тоа пред близу 22 илјади гледачи. Домашниот тим е спречен од второто да оди на првото место на табелата. Настапи уште еден Македонец, скопјанецот Александар Трајковски.
За Несторовски и Славен Белупо (тим на 6. место од табелата), викендов е пак гостување, кај Шибеник.