Море со историја и извори      

Котор

Во најубавиот дел од Бокакоторскиот залив е градот Котор на црногорското приморје. Поради интернационаата историска вредност УНЕСКО го заштитил како светско културно наследство. Сјае и во зима и во лето. Населен е  во напогодниот дел од заливот. На ридот Врмац се гледа градот.  На стариот дел се забалежуваат импозантните ѕидини кои го обиколуваати ридот Свети Иван. И со кола и со автобус, се плаќа престој за возилото за кое е обезбеден подалеку паркинг. И влезот се плаќа плус евро.

Според историските податоци градот е создаден во 7 век п. н.е. Легентада вели дека го создале Боговите, заради неговата убавина. Бил познат по повеќе имиња. Бил до на Грци, Илири, Римјани, Готи, Млетци, Византијци, династијата на Немања… Со првиот поглед плени со културата, традицијата. Препознатлив е како мирен и тивок. Претежно доаѓаат туристи со крузери. Градската вековна атмосфера ја чувстуваат не само домаќините, туку и гостите. Шарм треба барем да се осети  барем еднаш во животот.

Најзначајните културни споменици, она што вреди да се разгледа се во стариот град, опколен со  бедеми, во кои се влегува преку три порти,  Морската, вратата од Ријека и вратата на Гурдиќ. Морската била пред да се изгради градот. Таа е најчест влез во стариот дел. На излезот се двете други врати со извори кои се поврзуваат со морето. Бедемите се атрактивни и дење и ноќе, кога се осветлени. Над него се издига и ридот Свети Иван. По скали се стасува до тврдината со величенствен поглед на Бокакоторскиот залив.

Најстар сакрален објект меѓу ѕидините е катедралата на Св. Трипун од 12 век. Добро е сочувана т. Низ тесните улички на Котор го влече окото храмот Св. Лука од династијата Немањичи од 12 век. До 14 век била католички објект. По војните со Турците станува православен дом. Тука е и третата црква Св. Никола од 20 век. Крената е на местото на некогашен храм кој настрадал во пожар… Сетилата за вид ја откриваат е Старата кула, бројните плоштади, меѓу кои најзначајниот на оружјето, на културата во чија околина се интересни палати со романска и барокна орнаментика. Такви се Кнежевската палата, Наполеоновиот театар… Во приземјето се продавниците за сувенири. И надвор од стариот дел е раскошен со средновековни објекти. Градот како да се Мека за бројните мачки кои слободно се движат низ камените улици. Некои го препознаваат  како град на мачките.

Прошетката низ тесните улички со плоштади се окончува со одмор со кафе или ручек од пица или рибна гастрономија. Трговскиот центар Камелијае нуди сé и сешто. Во другиот дел е ватерполо базенот, морскиот факултет и центарот за морско добро.

Ноќе е “лудница” во дискотеките во стариот дел. Гостуваат познати диџеи и регионални звезди.

Котор е организатор на неколку фестивали и манифестации, како Бокеска ноќ, Карневалот, Фестивалот на детето, Деновите на камелијата и други. Тие предизвикуваат посебна енергија. Ги задоволуваат сите вкусови за култура и престојот се претвора во незаборавно доживување.

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading