Лукова “бомба” за иминитет

Со лук произведен в село или дома се прави антибиотик во тегла. Ефикасен е против настинки, грип и кашлица…

Потребно е десетина главици органски лук кој не е прскан и не е модифициран, ниту третиран, може да се малку изртени. Потоа 1 лимон, тегла од 700 мл, 200 мл јаболков оцет и 2 супени лажици домашен мед. Се отстранува коренот и се чистат лушпите. Се став во сад со вода кратко, колку да се исплакне. Лимонот добро се мие и се сечи на тркалца со кората. Теглата наизменично се полни со лук и лимон, па се полива до врв со оцет со растворен мед. Добро се затвора и се чува на темно и ладно место 15 дена.

Лукот може да се јаде по едно чешне наутро, на гладно или да се стави во салати. Од течноста се пие по една супена лажица растворена во чаша со млака вода, наутро на празен стомак.

Loading