Вечерва од 20 ч. на сцената од театарот ќе биде изведена претставата “Како што сакате” (НОЌ СПРОТИ ВОДИЦИ) на ансамблот на кумановскиот театар. Режијата е на Срѓан Јаниќијевиќ, а играат Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ, Антонио Димитриевски, Нина Максимова, Анастасија Величковиќ, Александра Пешевска, Давид Илиќ и Никица Јанковски.
Претставата е современа адаптација на драмата на Вилијам Шекспир, “Ноќ спроти Водици”, опишана како негова најсмешна комедија.
– Вртлог на згрешени идентитети и невозвратена љубов. Никој не е она што е и сѐ е можно. Зошто таа замена на родови идентитети е толку смешна во театарот со векови, а толку застрашувачки сериозна, понекогаш и брутално трагична во реалниот живот. Кај Шекспир, тоа е едноставно: машко или женско? “Како што сакате” – стои во најавата на претставата.