Криза

Кошарка

Иако желбата беше висок пласман во Втората кошаркарска лига, екипата Мега баскет засега е далеку од најдобрите. Доживеа неочекуван пораз на пролетниот старт, во Струмица. Таму ФМП – Мега баскет 89:63. Безмалку обратно од резултатот есеноска, во првото коло, кога Мега баскет победи со 86:63. Домашниот тим се засилил, но и прилепскиот е ослабен без повредениот капитен Стефан Стевананџија. Ова е четвртиот пораз во серија за прилепскиот тим, по загубените дуели есеноска од Ангели, Маџари и од Охрид. Викендов претстои нов тежок ривал, дома, Соколи од Штип.

Табела: Ангели и Соколи 22, Маџари 21, Борец и Црн Дрим 20, МЗТ Уни банка 18, Охрид, Бутел и Мега баскет 17, Работнички, ФМП и Водно 14.

Loading