Голем број намирници го зголемуваат ризикот од рак.
1.Генетски модифицираната (ГМО) и хемиски одгледаната храна се причина за брз пораст на туморот. ГМО се користи во големи количества во повеќето деривати или храна од конвенционална пченка, соја, маслена репка итн.
2. Приготвувањето на пуканки во микробранова печка можеби е полесно и поедноставно. Но, ќесите за печење се обложени со хемикалии, кои се одговорни за неплодност и рак на тестисите, црниот дроб и панкреасот.
3. Неприродните газирани пијалаци се преполни со шеќер, боја и хемикалии. Тоа е храна за ракот.
4. Преработеното месо, како виршлите, сланината и колбасите, содржат хемиски конзерванси. Тие ги прават производите свежи и привлечни, но, може да бидат главна причина за појава на рак. Месните преработки содржат натриев нитрит што го зголемува ризикотза рак на дебело црево.
5. Диеталната храна и пијалаците се полоши од конвенционалната храна и обичните газирани пијалаци. Вештачките засладувачи се поврзани со низа болести и предизвикувачи на рак.
6. Рафинираниот шеќер ги храни канцерогените клетки. Поради фруктозата, богатите сладила лесно и брзо се метаболираат и се размножуваат. Затоа соковите, житарките, сосовите и други популарни производи, го качуваат бројот на заболени од рак.
8. Конвенционалните јаболка, грозје и друго овошја не се така здрави за исхрана. Овие плодови не се органски или потврдени дека се без пестициди. Затоа се поврзуваат со причините за зголемен ризик од карцином. Некои ги викаат валкани овошја оти се загадени со канцерогени пестициди.
9. Хидрогенизираното масло ја менува структурата и флексибилноста на клеточната мембрана во целото тело, што резултира со мноштво болести, меѓу кои и ракот.
10. Одгледаниот лосос е уште една храна со висок ризик од рак. Содржи канцерогени хемикалии, антибиотици, ПЦВ и пестициди, а му недостасува витамин Д.