Црквата што покрив не крепи

Проклетството на храмот Свети Атанас

Црквата Свети Атанас во Варош е единствен божји храм без покрив, меѓу 77 цркви, колку што според преданијата имало во населбата под Мараковите кули. Граѓаните велат дека црквата од 14 век е обвиена со многу мистика, бидејќи ја следат легенди, дури и една поговорка, која вели дека “Црквата покрив не крепи”.

Поговорката е дело на вековното предание дека мајсторите дење ставале покрив на црквата на Свети Атанас, а ноќе покривот мистериозно исчезнувал. Мајсторите се обидувале неколкупати да ја покријат, но не им одело од рака. Секоја дневна градба, ја снемувало утредента. Црквата не е живописана со фрески поради неодржливост на покривот. Затоа, многу варошани го зеле светецот за семејна слава.

Црквата и денес е без покривна конструкција, а Заводот за заштита на спомениците и музеј има подготвен проект за реконструкција на покривот со кубе по примерот на црквата Свети Атанасие кај Матка.

Прилепчани ја сметаат црквата без покрив за свето место. Палат свеќи во внатрешноста зарасната со плевел. Некои дури и ставиле икони. Се пренесува предание дека под црквата течела исцелителна вода. Пред педесетина години илјадници граѓани од поранешна Југославија од мака и во потрага на илач – вода, доаѓале да полнат од изворот кој сега е секнат. Ноќе и дење се ределе да вкусат од лековитите својства. Се пренесува друго предание дека луѓето со брадавици ги триеле рацете со водата и викале: “Да не ги видам брадавиците, како што никој не ме виде”. Така исчезнувале израстоците по телото.

Сештениците од прилепското намесништво објаснуваат дека црквата почанал да се гради после Маричката битка во 1371 година.

– Да покажат дека се господари на овие простори, Турците, не дозволувале црквата да се догради. Заради болките и ублажување на маките, народот генерирал предание дека црквата покрив не држи. Отанало тѕака до ден денешен. Всушност, никогаш не е ставен покрив на црквата – велат свештениците.

Според нив, луѓето се многу приврзани.

– Црквата треба да профукционира со покрив. Прилепскиот Завод има искуство со изградба на кубиња – велат свештениците.

Илија Стеваноски од Варош вели дека местото за изградба на црква можеби не е божја радост.

– Бог можеби не сакал тука да се крене храм посветен на Свети Атанас. Тоа прашање никој не го одговара. Прекрасната црква сепак треба да се покрие и да биде средиште на верски обреди, а не место за затскривање на добиток од неврема – вели Стеваноски.

Се сеќава на предание дека некоја жена сонила да се постави икона во црквата.

– Имаше икона неколку месеци. Луѓето влегуваа, остава пари, палеа свеќи и иконата исчезна преку ноќ. Не ми се верува дека некој ја украде, туку се случи нешто друго – вели Стеваноски.

Преданијата се дел од народното духовно богатство. Можеби човечкиот дух не дозволувал организирање соодветна акција за поставување покрив на убавата црква. Не е докажано дали некогаш постоел покрив или дали имало пак паднал, се урнал. Можно е да била неуспешно покривана. Затоа излегува преданието дека црквата има некое проклетство кое никој не знае до кога ќе трае.

Инаку, многу легенди за свети, чудотвори води се исплетени под Марковите кули. Една е поврзана со манастирот Свети Архангел Михаил, стотина метри над црквата Свети Атанас. Марко Цепенко забележал дека некое турско дете се измокрило во отвореното кладенче во Манастирот, по што се вкочанило и ослепело, а молитвите и миењето од водите на истиот извор му помогнале да се излекува. Во околината на природниот споменик Слонот во близина, штири млади девојки доаѓале да се измијат и да станат мајки.

Околу црквата Свети Атанас се пронајдени голем број на археолошки остатоци, меѓу кои гробови од средниот век и монети од македонските кралеви.

Четириаголна црква

Црквата се разликува по аглестата апсида без полукружна форма, што е реткост при градење на православни храмови. Изградена е од цигли и камен, а во ѕидовите и квадратна форма се вградени повеќе стари мермерни споменици од постари времиња. Елементи со антички знаци опстојувале на простороти во близината. Археологот Сариа од Белград во 1923 година констатирал дека црквата имала четири вградени антички споменици. Столбовите, всушност, го држеле или требало да го држат покривот. Не е исклучено дека таа била една од црквите на посебните семејства во Варош.

Loading